Оскаровката Лоренс во минималистички Диор за есенската колекција


Франција– Во време кога многу брендови се обидуваат да ги преиспитаат своите кампањи за наесен, Диор се држи до еден познат и испробан тим.

Кампањата на француската луксузна куќа за pre-fall 2020, фотографирана од Брижит Нидермаир, ја претставува амбасадорката на брендот, актерката Џенифер Лоренс во минималистички парчиња од колекцијата дизајнирана од Марија Грација Кјури.

Оскаровката се повлече од јавноста по нејзината свадба минатата година со уметничкиот галерист Куке Марони и не присуствуваше на најновата ревија на Диор во Париз во февруари.

-Кампањата беше снимана од 18 до 20 декември во Њујорк, многу пред коронавирусот да наметне социјално дистанцирање и да ги затвори модните куќи во светот, рече портпаролката на Диор.

Фотографиите од фотосесијата се објавија во Ел Декор Италија и ќе се појават на 16 април во италијанското женско списание Амика. Покрај традиционалниот печат, Диор планира да ја активира кампањата преку Интернет, иако одби да го коментира својот вкупен буџет.

Со својот фокус на јасни, монохроматски силуети, кампањата го отсликува концептот на Кјури за безвременска гардероба, составена од базни парчиња, како и архитектонски пристап кон облеката на Кристијан Диор.

Додека пристапот на Кјури е осуден од страна на некои критичари како премногу безбеден, тој се чини во склад со корона-кризата, при што многу експерти во модната индустрија бараат помалку, повеќе, сезонски колекции.