За велигденските празници сончево и топло


Фото: Б. Грданоски

За велигденските празници времето ќе биде сончево и топло со значителен пораст на дневната температура.

Од четврток температурите ќе бидат во пораст. Така, минималните температури ќе достигнат до 9 степени, а максималните до 27 степени. Најтопло ќе биде во сабота кога дневната температура ќе го достигне 27-тиот степен.

Синоптичарите уште за утре најавуваат променливо време со засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура. Веќе од четврток ќе има промена на времето кон потопло.