Забраната за движење не ја почитувале 98 лица, 67 се приведени


Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатите 24 часа, документирано е дека 98 лица не ја почитувале забраната за движење, од а од нив 67 се приведени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Притоа, во рамки на редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки, соопшти МВР.