Властите во Сараево забранија волонтери да им помагаат на мигрантите


Внеси наслов овде БиХ – Властите на Босна и Херцеговина им забранија на волонтерите од организацијата „Ејд бригејд“ од Европа и Америка да делат оброци на мигрантите што престојуваат на железничката станица во Сараево, соопштија хуманитарците, наведувајќи дека биле затворени и нивните простории во кои тие обезбедувале медицинска помош. Хуманитарците на 22 мај ги посетиле …

Властите во Сараево забранија волонтери да им помагаат на мигрантите Read More »

Позитивно мислење на ЕК за барањето на БиХ за кандидатски статус


Белгија– Европската комисија даде позитивно мислење за барањето на Босна и Херцеговина за добивање кандидатски статус за членство во Европската Унија. Во извештајот, што се однесува на Босна и Херцеговина, беше обајвено и мислење за барањето на БиХ за членство во Европската унија, кое е анализирано откако властите на таа држава во февруари оваа година …

Позитивно мислење на ЕК за барањето на БиХ за кандидатски статус Read More »

Кандидатот за британски премиер Борис Џонсон соочен со судење


Англија – Борис Џонсон, кој е фаворит за нов премиер на Велика Британија, се соочува со судење поради наводи дека ја лажел јавноста во врска со Брегзит и последиците од него, соопшти денеска британски суд. Судија во Судот во Вестминстер денеска одлучи дека Џонсон, поранешен министер за надворешни работи на Велика Британија, мора да одговори на …

Кандидатот за британски премиер Борис Џонсон соочен со судење Read More »

Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот


Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот поради одржување на „Алпинистичката вежба – Водно 2019“. – Времениот прекин на работата на Жичарницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата што ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи …

Жичарницата на Водно утре нема да работи до 12 часот Read More »

Мекензи Безос половина од 36 милијарди долари ќе донира во добротворни цели


САД– Екссопругата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Безос, која по разводот доби 36 милијарди долари, половината од сумата ќе ја донира во добротворни цели. Мекензи на поранешниот сопруг  му ги преотстапи 75 проценти од нивниот заеднички удел во Амазон и сите гласачки права. Таа се откажа и од своите интереси во весникот …

Мекензи Безос половина од 36 милијарди долари ќе донира во добротворни цели Read More »

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта


Германија – Поради проблемот со загаденоста со хлориди на руската нафта од нафтоводот „Дружба“, германскиот пазар почнува да страда од недостаток на суровини. Некои нафтени компании се веќе на раб на банкрот. Нема извештаи за недостигот на нафта на германскиот пазар. Руската страна се обврза целосно да го реши проблемот до почетокот на јуни. Сепак, фактите покажуваат …

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта Read More »

Џафери: Северна Македонија наскоро 30-та членка на НАТО


Протоколот за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО оди со добра динамика, во јуни очекуваме да го ратификува американскиот Сенат и сигурен сум дека уште оваа година, ние и формално ќе станеме полноправна членка на Алијансата, истакна денеска претседателот на Собранието Талат Џафери на отворањето на дводневниот Специјален семинар „Следните чекори кон НАТО“ …

Џафери: Северна Македонија наскоро 30-та членка на НАТО Read More »

За пет илјади долари: Се продава евровизискиот костим на Марија од „Ај Кју“


Евровизискиот костим кој го носеше пејачката Марија од „Ај Кју“ во 2018 во Лисабон, е ставен на продажба на eBay по цена од 5.000 долари, плус 127 долари испорака. На евровизиската сцена, пејачката носеше розово палто, а под него имаше едноделен костим кој бил шиен 2.000 часа. Иако според нив ова е модно ремек-дело, сепак …

За пет илјади долари: Се продава евровизискиот костим на Марија од „Ај Кју“ Read More »

Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн


13-тата по ред традиционална Годишна изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн ќе се отвори утревечер во 20 часот, во халата на старата печатница во објектот на Европски универзитет во Скопје (каде се одржа пролетниот Моден викенд Скопје). И овој пат, изложбата ќе ги претстави најдобрите дела и дизајн решенија кои произлегоа од …

Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн Read More »

„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања


Кина – Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ денеска почна постапка пред американски суд, со која ја оспорува уставноста на Законот за ограничување на продажбата на неговата телекомуникациска опрема, што е најнов потег во тековниот конфликт со американската Влада. Главниот правен застапник на „Хуавеи“, Сонг Лупинг, изјави на прес-конференција дека компанијата поднела барање, судот да пресуди без да …

„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања Read More »

Заев во опасна трка со времето


ЕРОЛ РИЗАОВ Големината и радикалноста на смените и ротациите на владините и партиските функционери на социјалдемократите нема да имаат големо значење ако на премиерот Зоран Заев му падне стрелката на часовникот во симултанката што ја игра во цајтнот. Иако е во добитна позиција, може да ги изгуби и партијата и владата. Тоа би било поголема …

Заев во опасна трка со времето Read More »

Информативен пулт за граѓаните во Народната банка


Во текот на Деновите на финансиската писменост, од денеска до петок, во просториите на Народната банка има информативен пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас. Заинтересираните граѓани ќе може да го посетат и Музејот …

Информативен пулт за граѓаните во Народната банка Read More »

Над 73.000 деца ќе користат детски додаток, а над 64.000 образовен додаток


Од денеска, започнува реализацијата на мерките од новата социјална реформа која целосно го преобразува системот за социјална заштита. Тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари од денеска можат да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може …

Над 73.000 деца ќе користат детски додаток, а над 64.000 образовен додаток Read More »

Електричните автомобили за 20 години ќе преовладуваат на пазарот


САД – Автомобилите на електричен погон сега се мал дел од пазарот, но во блиска иднина тоа значително ќе се промени, тврдат аналитичари на БНЕФ (Bloomberg New Energy Finance) и според нив до 2040 година околу 57 отсто од новопродадените автомобили ќе бидат со електричен погон. Истото важи како за патнички така и за лесни комерцијални …

Електричните автомобили за 20 години ќе преовладуваат на пазарот Read More »

Федерер доби дрес од Мбапе


Франција– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се состана во Париз со напаѓачот пари Сен-Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе во Париз, каде што се одржува Грен слемот „Ролан Гарос“. Фудбалерот на Федерер му подари свој дрес. За потсетувањње, во првото коло Федерер го победи Италијанецот Лоренцо Сонего. Во следниот натпревар ќе игра со германскиот тенисер Оскар Оте.

Папата му порача на Трамп: Ѕидот со Мексико е грешка


Ватикан – Папата Франциск изјави дека е подготвен на американскиот претседател Доналд Трамп лично во лице да му каже дека е погрешно териториите да се бранат со изградба на ѕидови долж границите. Во интервју за мексиканската телевизија „Телевиса“ емитувано синоќа, папата исто така ги отфрли критиките на ултраконзервативните католици кои го нарекуваат еретик. – Не знам …

Папата му порача на Трамп: Ѕидот со Мексико е грешка Read More »

САД со намери за прекин на обука на турски пилоти заради купувањето руски ПВО системи


САД– САД би можеле да ја прекинат обуката на турските пилоти за управување со борбени авиони Ф-35 поради планот на Анкара да купи руски ракетни системи С-400, јавија западни медиуми цитирајќи неименувани извори. Пилотите се обучуваат во авиобаза во Аризона. Во врска со ова, не е јасно дали ќе мора да ја напуштат државата доколку …

САД со намери за прекин на обука на турски пилоти заради купувањето руски ПВО системи Read More »

Жаклин Бедидо Писано: Која е најдобрата модна блогерка на светот?


Италија- Нејзиниот Инстаграм профил го следат повеќе од половина милион следбеници со кои споделува елегантни модни комбинации. Мајка е на 31-годишна ќерка и баба на две внуки, а сега, на 51 година ја освои титулата на најдобра модна блогерка на светот, на гала настанот, во рамките на Канскиот филмски фестивал кој заврши викендов. Жаклин Бедидо …

Жаклин Бедидо Писано: Која е најдобрата модна блогерка на светот? Read More »

Алармантни оценки од УКИМ: Високото образование урнисано и пред распаѓање


Високото образование е во распаѓање, неопходни се итни реформи. Еден од проблемите што го посочуваат професорите е начинот на финансирање на факултетите, што е застарен и потекнува од осумдесеттите години. Модерните текови во високото образование бараат и научни фондови, инвестиции, но и обнова на објектите кои на најголемиот и најстар универзитет „Св. Кирил и Методиј“ …

Алармантни оценки од УКИМ: Високото образование урнисано и пред распаѓање Read More »

Групата „Билдерберг“ на средба во Швајцарија, главни теми Европа и климата


Швајцарија – Групата Билдерберг, на чии состаноци секоја година се собираат познати личности од европски и северноамерикански политички и економски кругови, ќе одржат состанок во швајцарскиот град Монтре за да разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја Европа и климата. Меѓу учесниците оваа година се Џаред Кушнер, зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, холандскиот …

Групата „Билдерберг“ на средба во Швајцарија, главни теми Европа и климата Read More »