Мекензи Безос половина од 36 милијарди долари ќе донира во добротворни цели


САД– Екссопругата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Безос, која по разводот доби 36 милијарди долари, половината од сумата ќе ја донира во добротворни цели.

Мекензи на поранешниот сопруг  му ги преотстапи 75 проценти од нивниот заеднички удел во Амазон и сите гласачки права. Таа се откажа и од своите интереси во весникот „Вашингтон Пост“ и ракетната компанија Блу Ориџин.Џеф Безос на ваквата објава на поранешната сопруга реагираше со благодарност за нејзината поддршка и љубезноста.

Најбогатиот човек на светот, во јануари, по 25 години брак , ја напушти сопругата и ја објави врската со ТВ водителката Лорен Санчез.

Вкупниот удел од 143 милијарди оваа двојка ја направи најбогата на светот.