Жаклин Бедидо Писано: Која е најдобрата модна блогерка на светот?


Италија- Нејзиниот Инстаграм профил го следат повеќе од половина милион следбеници со кои споделува елегантни модни комбинации. Мајка е на 31-годишна ќерка и баба на две внуки, а сега, на 51 година ја освои титулата на најдобра модна блогерка на светот, на гала настанот, во рамките на Канскиот филмски фестивал кој заврши викендов.

Жаклин Бедидо Писано е Србинка со италијанска адреса, која изгледа помладо од нејзините години.

Родена е во Белград, повеќе од половина од животот живее во Италија, а за неа пишувале и странски медиуми како „Дејли мејл“. Освен ќерката, Жаклин имала и син кој на 23 години загинал во автомобилска несреќа во Белград.

За својот младолик изглед вели дека нема некоја тајна.

-Јадам многу овошје и пијам многу вода. Јадам едно авокадо дневно. Не пијам и не пушам. Сакам морски плодови, риба, месо и зеленчук. Секој ден вежам по 45 минути. И ја негувам душата, открива Писано.