Луксузната модна куќа ЛВМХ бесплатно ќе им помага на болниците со средства за дезинфекција


Франција–  LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, соопшти дека ќе произведува и дистрибуира средство за дезинфекција на рацете бесплатно за француските здравствени власти со цел да се бори против ширењето на коронавирусот, или КОВИД-19. „Со оглед на ризикот од недостиг на хидроалкохолен гел во Франција, Бернард Арно одлучи компанијата за парфеми и врвна козметика LVMH да […]

Ѕвездата на „Џејмс Бонд“ Олга Кириленко позитивна на коронавирус


САД-  Актерката Олга Кириленко откри дека е позитивна на тестот за коронавирусот и сега е „затворена дома“. Ѕвездата (родена во Украина), од филмот за тајниот агент Бонд Quantum of Solace, Oblivion и Човекот кој го уби Дон Кихот  на Инстаграм ги извести фановите за здраствената состојба. „Болна сум една недела. Треска и замор се моите […]

Шпанскиот крал Фелипе се откажа од наследството на татко му Хуан Карлос


Шпанија – Шпанскиот крал Фелипе Шести се откажа од наследството на својот татко Хуан Карлос заради неговите финансиски малверзации. Во соопштението на шпанското кралско семејство се наведува дека кралот Фелипе ја укинал годишната апанажа за татко му (82), кој абдицира од престолот во 2014 година. Одлуката следеше по истрагата на швајцарските истражители за офшор сметката на […]

Во Турција регистрирани уште 12 случаи на коронавирус, сега се вкупно 18 заразени


Турција– Во Турција во последните 24 часа се регистрирани уште 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот  број на заразени во земјата веќе се зголеми на 18 лица, јавија британските медиуми, повикувајќи се на изјава на министерот за здравство Фахретин Коџа. Ова е најдрастично зголемување на регистрираните случаи во Турција до овој момент. Министерот Коџа […]

Во Франција половината од заразените со Ковид-19 на интензивна нега се под 60 години


Франција– Повеќе од половината 300 инфицирани со новиот коронавирус во Франција, кои се на интензивна нега, се на возраст под 60 години, соопшти денеска Националната агенција за здравје. – Имаме 300 сериозни случаи на одделението за интензивна нега. Имаме многу сериозни случаи помеѓу воозрасните и над 50 проценти од пациентите на интензивна нега се на […]

Затворени моловите, кафетериите, обложувалниците – апел до младите да останат дома


Нема нови случаи на заболени од коронавирус во земјава. Резултатите на седумте лица кои вчера беа тестиранин се негативни. Тринаесетте пациенти кои се сместени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба. Пациентката од Дебар која е на респираторна машина има значајно подобрување на параметрите по приклучувањето на механичката вентилација, но со сѐ уште […]

Седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот во земјава. На седницата ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата. Претседателот Пендаровски на прес-конференција во петокот најави дека ќе бидат разгледувани евентуалните опции […]

Германија ги затвора границите кон некои земји


Германија– Поради новиот коронавирус Германија денеска во осум часот ќе ги затвори своите граници кон Австрија, Франција и Швајцарија, објави германксиот дневен весник „Билд“. Мерката предвидува зголемена контрола на границите и враќање на странските државјани, кои доаѓаат од соседните земји. Превозот на стока помеѓу Германија и и соседите нема да биде запрен. Луѓето кои работат […]

Во Њујорк и Лос Анџелес се затвораат рестораните и кафулињата


САД – Градоначалниците на двата најголеми градови во САД, Њујорк и Лос Анџелес синоќа објавија дека наредиле затворање на градските ресторани, театри, барови и филмски куќи во обид да се забави ширењето на новиот коронавирус. Рестораните, баровите или кафулињата кои продаваат храна ќе можат тоа да го прават преку достава или пак граѓаните ќе можат да […]

Затворени седум локали кои не ја почитувале мерката на Владата


Секторот за внатрешни работи Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат вчера попладне затвориле седум локали во северниот дел на Скопје кои не ја почитувале одлуката на Владата. – Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајот по влажни коловози, слаб снег на Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег провејува на Стража, кој не се задржува на коловозот, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. Согласно одлуката на Влада поради коронавирусот, затворени се граничните премини Џепиште-Требиште и Блато и сите возила и патници се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за […]

Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за коронавирусот


–Граѓаните ќе добиваат бесплатни смс пораки со известувања за состојбата и актуелностите со коронавирусот, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. – Сите пораки кои ќе ги добијат од телеком мрежите се валдини и известуваат за состојбата и актуелностите за кои сметаме дека ова е добар механизам да се известат граѓаните во врска […]

Грчката Влада затвора граници и воведува казна од 5.000 евра за „непослушни“ граѓани


Грција – Целосно затворање на границите со Северна Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет, […]

Грција ја затвора границата со Македонија


Грција– Прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, е една од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата влада, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција […]

Коронавирус: Кралицата се сели во замокот Виндзор


Англија- Кралицата Елизабета Втора (94) ја напушти Бакингамската палата и се сели во замокот Виндзор, откако советниците рекоа дека е „најдобро да се спречи  евентуална зараза од короната“. Владата вчера објави дека починале уште десет лица, со што вкупно бројката на починати во Велика Британија се искачи на 21, а позитивни 1.140. Планиран е карантин […]

Автобусите на ЈСП од утре според саботен возен ред


Ве информираме дека од утре, понеделник (16.03.2020 год), поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред. Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски […]

Креативни постери како поттик за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави повеќе креативни постери како поттик за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот. -Да се седи дома значи да се биде креативен. Ова се дел од креативните постери кои учествуваат во поттикот за почитување на мерките со цел спречување на ширењето […]

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава


Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5, која компанијата ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани. Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од коронавирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните […]

ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април


Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, […]

Докторите апелираат: „Поради коронавирусот држете се подалеку од цигарите“


Турција- Членот на Научниот одбор на Министерството за здравство на Турција, проф. д-р Фусун Онер Ејубоглу, рече дека пушењето значително ја нарушува одбраната на белите дробови, истакнувајќи дека коронавирусот потешко се лекува кај болестите поврзани со цигари, јавува Агенција Анадолија (АА). Проф. д-р Ејубоглу, проф. д-р Фуат Калјонџу, проф. д-р Метин Озкан и доцент д-р […]