Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози: Како тивката 8-годишна романса заврши со брутален развод?


САД-Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози се разделуваат по помалку од пет години брак, а по 8 години врска. Вестите за нивниот развод веднаш се проширија бидејќи 33-годишната поранешна актерка и бизнис жена побарала итно развод среде пандемијата на коронавирус. Судовите во Њујорк не прифаќаат барање за разводи, освен во случај на вонредна состојба.

Олсен, наводно, во документите тврди дека ја исфрлаат од нивниот стан и сакаше да го заштити нејзиниот имот, па затоа требаше да поднесе барање за развод. (Двајцата делат три резиденции во Њујорк.) Нејзиното барање беше одбиено, бидејќи судијата утврди „дека тоа не е суштинска работа“. Ниту Олсен, ниту 50-годишниот француски банкар не коментираа јавно, што не е изненадувачки со оглед на ултра-приватниот животен стил на двојката. Драматичниот пресврт, сепак, ги шокираше фановите.

Па, каде работите тргнаа наопаку?

Олсен и Саркози започнале да се дружат во 2012 година, откако, наводно, се состанале на забава.

„И двајцата се многу интелигентни и вредни, па затоа се привлекоа“, вели близок пријател, објаснувајќи дека никогаш не им пречела на разликата од 17 години. Олсен навидум го потврди тоа во ретко интервју.

„Секој има свое мислење“, изјави таа за Вол Стрит Џурнал во октомври 2012 година за нивната возрасна разлика. „Сметам дека е подобро да се фокусираме на она што е пред нас и да одржувам една нога пред другата“.

Со Марго, ќерката на Саркози

Саркози, полубратот на поранешниот француски претседател Никола Саркози и Олсен тешко дека некогаш разговарале за нивната романса. Сепак, тие направија неколку јавни настапи заедно со годините. Тие редовно присуствуваа на на Њујорк Никс и не криеја љубов еден кон друг. Муабетите за брак се вртеа во зимата 2014 година, бидејќи Олсен беше постојано фотографирана со прстен на прстот, но вообичаено, не ги коментираше шпекулациите.

„Ако се свршени, тие сè уште не го објавиле на семејството и пријателите во Франција, но којзнае“, изјави извор во родниот град на Саркози во Париз за Е! Вести во тоа време. „Сè што знаеме е дека Оливие ќе сака убава долга свршувачка- тој веќе бил во брак и има деца, така што тој знае за што се работи“.

Саркози и поранешнта сопруга Шарлот Бернард се разделија во 2010 година по 13 години заедно. Тие делат две деца, синот Жулиен и ќерката Марго.

Нивната свршувачка не беше толку долга. Олсен и Саркози се земаа на  27.11.2015 година на интимна церемонија во приватна резиденција во Менхетен. Присуствувале околу 50 гости, вклучувајќи и ја и сестра ѝ близначка Ешли. На приемот имало „чинии и чинии исполнети со цигари и сите пушеле цела ноќ“, тврди извор.

Последната заедничка фотографија, Мадрид, 2019

Двојката живееше заедно во Њујорк и се изгледаше добро. Олсен зборуваше за наоѓање рамнотежа помеѓу личниот живот и модната империја во друго ретко интервју во 2017 година.

„Мислам дека имаме среќа [напорно да работиме] што доаѓа сосема природно за нас“, рече Олсен за магазинот Портер.

Олсен и Саркози продолжија да излегуваат заедно на разни настани во Њујорк. Нивното последно јавно гледање заедно се чини дека е од мај 2019 година кога присуствуваа на Гала настан на Лонжин во Шпанија. Една година подоцна, се разведуваат.

Олсен во документите тврдеше дека нејзиниот сопруг се обидувал да ја исфрли од нивниот стан во Њујорк и дека го раскинал закупот без нејзино знаење.

Според „People“, кариерата на Олсен му ставила крај на бракот.

„Таа е фокусирана на супер кариерата, а тој се однесува мошне француски и бара од неа да биде достапна“, изјави извор за списанието. „Вие не можете да контролирате жена која е на милијардерската патека уште од 20-тите години“, вели пријател за целата ситуација.