Филипче : Откако ќе заврши сето ова ќе му се посветам повеќе на син ми


Една фаза од кризата со коронавирусот е помината, вели министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Еден на Еден. Министерот ќе му биде гостин на авторот и водител на емисијата, Жаре, во недела од 18.30 на Канал 5.
„Многу е битно што сега сме поспремни. И кога и да дојде оваа следна фаза што сите ја очекуваат, сметам дека многу добро ќе ја изменаџираме, поради тоа што имаме повеќе искуство“, изјави Филипче.
Според него, многу интересен феномен е што сега многу повеќе се зближија луѓето. „Докторите, сестрите, епидемиолозите велат дека станале браќа и сестри“, додаде министерот.
Филипче раскажа и за тоа како изгледа еден негов обичен ден во овој период, дека станува во 4 или 5 наутро, за своето искуство како хирург во повеќе светски земји, но и лични приказни. „Откако ќе заврши сето ова ќе му се посветам повеќе на син ми“, рече тој.
Во продолжение, погледнете ја најавата за емисијата и видеото од приказната кое открива дали го поминавме најтешкиот дел со вирусот Ковид-19: