(Видео) Евросонг во услови на пандемија


Евросонг ќе има вечерва, ама како алтернативно шоу Eurovision: Europe Shine a Light, кое ќе се емитува во живо, вечерва,  во 21 часот, што беше и претходно потврдениот термин за одржување на евровизиското финале.

Специјалното телевизиско шоу нема да има натпреварувачки карактер, но ќе им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41-та земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија. Веќе селектираните песни ќе бидат емитувани во фрагменти од 30 секунди, учесниците ќе бидат претставени низ кратки видео разгледници, а ќе ги слушнеме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Обедините од различни локации низ Европа годинашните изведувачи ќе прозвучат низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година.

Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.