Кристина Димитријевска од Тетово е мис Карантин 2020


На првиот интернационален онлајн избор за убавина Мис карантин на светот 2020 победи нашата убавица Кристина Димитријевска (24) од Тетово.

Димитријевска, која во меѓувреме си ја врати природната боја на коса, овој огромен успех го направи во конкуренција на  210 пријавени девојки од околу 50 држави од светот. Речиси едногласно од целото жири таа беше прогласена за најубава. Кристина успеа да освои уште една титула, за најдобро претставување.

Животот лани ѝ сервира победи на избор на убавина, и пораз на личен план. Во 2019 Кристина Димитријевска (23) од Тетово беше најфотогенична убавица на Мис Глоуб во Улцињ, а годината ја заврши како мис Балкан, на меѓународниот избор на убавина во Белград.

По навидум три години идиличен брак со поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски во кој се роди синот Давид и семеен живот подалеку од камерите, се разведе, и повторно се врати триумфално на модните писти и во шоубизнисот.  

Има снимено две песни, првата е дует со Андреј Миске, а втората „Само парфем обуци“ е дует со Амир Ибраимовски.

И втората наша претставничка, Бисера Цуцулова од Скопје успеа да освои титула, Мис Интелегенција. Модното студио „Црнокрак“ освои шест титули на изборот.

Црногорката Лара Стешевиќ  е избрана за втора придружничка а Дотти Полгар од Унгарија е Мис  бикини.

Во жирито беше и Мики Црнокрак кој со GECJAN FASHION GROUP беше коорганизатор на изборот. (Л.С.)