Штип со 29 новозарaзени и ниту еден оздравен од Ковид-19


Штип и денеска е втора општина по бројот на новозаразени со коронавирусот на здравствениот билтен. Потврдени се 29 нови случаи, со што бројката на активни во градот на текстилната индустрија се искачи на 409. Епидемиолозите не очекуваат наредните денови да се намалува бројката, бидејќи денеска имале голема гужва на пунктот. -Нашиот тим само денеска зема […]

Мареј планира да игра на УС Опен


САД– Британскиот тенисер, Енди Мареј, планира да учествува на УС Опен во Њујорк, каде ја освои титулата во 2012 година. Тениската асоцијација на САД се очекува да го потврди одржувањето на првиот Гренд слем по пандемијата на коронавирус во наредните десет дена. Почетокот на турнирот во Њујорк е планиран за 31 август, без навивачи. – […]

Пад на цената на нафтата


САД– Цените на нафтата денеска забележаа пад, бидејќи инвеститорите вложуваат во сигурен имот поради растот на новозаболени со Ковид-19 во светот и поради тензиите помеѓу САД и Кина. Цената на северноамериканската нафта брент се намали за 20 центи или за 0,5 проценти и се тргуваше за 43,14 долари за барел, додека американската ВТИ (WTI) нафта […]

Дојче Банк: Од 2025 година нема да има повеќе кредити за рудници за јаглен


Германија – Дојче Банк денеска соопшти дека најдоцна до 2025 година ќе престане да ги финансира деловните активности поврзани со копање на јаглен низ целиот свет. Германскиот кредитор исто така објави дека ќе престане да финансира нови проекти на Арктикот и проекти поврзани со нафтени песоци.

Tачи ги претстави новите борбени возила кои Косово ги купи од САД


Косово– Косовскиот претседател Хашим Тачи го претстави денеска новиот континет од 47 оклопни борбени возила, кои Безбедносните сили на Косово (ФСК) ги купија од Соединетите Американски Држави и кои во саботата стасаа во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку објава на својата страница на Фејсбук по средбата со командантот на ФСК, генерал-полковникот Рахман Рама, […]

Влез на македонски државјани во Бугарија со негативен ПЦР тест


Бугарската Влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Северна Македонија, при што македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР тест. Освен од Северна Македонија, со приложен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и […]

Германија е пaк најпочитувана држава во светот


Германија го задржала и го подобрила имиџот на омилена глобална сила во 2019 година, покажува анкета на Галуп. САД, Кина и Русија се борат за далечното второ место на листата Германија ја задржа својата позиција како најценета држава во светот трета година по ред и во 2019 година, додека рејтингот на САД и натаму е […]

СЗО: Вирусот може да се победи само со почитување на мерките


Швајцарија – Пандемијата на коронавирус, за време на која се заразени повеќе од 16 милиони луѓе, е веројатно најлошата глобална здравствена криза со која се соочила Светската здравствена организација, изјави денеска директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на редовниот онлајн брифинг во Жeнева истакна дека светот може да го победи вирусот само со строго придржување […]

Аџиите почнаа да пристигнуваат во Мека


Саудиска Арабија – Муслиманските верници денеска почна да пристигнуваат во Мека на аџилак, но во драстично помал број поради пандемијата со новиот коронавирус. Аџилакот почнува в среда и обично Мека во текот на петдневниот верски обред ја посетуваат околу 2,5 милиони луѓе од разни краеви на светот. Министерството за аџилак на Саудиска Арабија соопшти дека годинава […]

Истражување: Пациентите дијабетичари имаат 12 пати поголем ризик да умрат од коронавирус


САД– Во американскиот Центар за контрола на заболувањата и профилактика забележале дека пациентите дијабетичари со коронавирус имаат шест пати повеќе потреба од хоспитализација, додека ризикот за смрт кај нив е зголемен за 12 пати. Според истражување на Калифорниски универзитет од Сан Франциско објавено викендов во медицинскиот портал Медикал експрес, научниците анализирале статистика за смртноста за […]

СЗО: Пандемијата се забрзува


Швајцарија– Пандемијата предизвикана од коронавирусот се интензивира во светот, бидејќи во последните шест недели бројот на заболени е речиси двојно зголемен, достигнувајќи 16 милиони, а бројот на умрени надмина 640 илјади, соопшти денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гербејесус. -СЗО има информации за речиси 16 милиони случаи на заразе4ни лица […]

Жељко Бебек, Дарко Рундек и Амира Медуњанин пред Охрид со концерти на Хераклеа


Амира Медуњанин, Дарко Рундек и Жељко Бебек ќе настапат во август во Хераклеа, Битола. Зад концертите стои „Авалон продукција“, од каде велат дека се потрудиле да ги исполнат желбите и на битолчаните да им овозможат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид, да настапат и […]

„Јутарњи. хр“: Влатко Стефановски со бесплатен концерт пред ХНК во Загреб


Македонскиот виртуоз за гитара Влатко Стефановски в среда, 29 јули, со почеток во 21 часот, ќе одржи концерт пред загрепското ХНК. Настапот ќе се одржи во склоп на Фестивалот Св. Марк, а влезот на концертот ќе биде слободен, пишува „Јутарњи.хр“. Како што најави музикологот Гордана Крпан, распоредот на концертот носи своевидна компилација од делата на Влатко […]

Почина јапонскиот дизајнер Кансаи Јамамото кој го облекуваше Боуви


Јапонија -Јапонскиот моден дизајнер Кансаи Јамамото почина на 76-годишна возраст, од леукемија. Веста за смртта ја соопшти неговата ќерка денеска. „Тој го напушти овој свет мирно, опкружен од саканите. Во моите очи, мојот татко не беше само електричната и енергична душа што светот ја знаеше, туку и некој со секогаш добра мисла, чисто срце и […]

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење


Скопјани пијат здрава вода за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги спроведе Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.07.2020 до 24.07.2020 зема 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град […]

Хенрик Маркуш – амбасадорот кој поминал најмногу километри низ Македонија со велосипед


Хенрик Маркуш е единствениот амбасадор на светот кој досега со својот велосипед во земјава успеал да извози доволен број километри, нешто што не му успеало на ниту еден негов колега кој амасадорувал во државата. При неговата последна велосипедска тура и посета на делчевскиот регион, словачкиот амбасадор во земјава, ни раскажа за неговата љубов кон велосипедот, […]

Загатката во седиштето на ЦИА останува нерешена 30 години


САД – Во седиштето на американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА има скулптура на која е впишана тајна шифра. Со неа врвни криптолози се занимаваат веќе со десетлетија. Кон крајот на 1980-тите, уметникот Џејмс Санборн добил задача да направи скулптура што ќе биде изложена во седиштето на ЦИА во Ленгли, Вирџинија. Знаејќи дека разузнавачките службеници ќе […]

Недоверба во францускиот претседател и вакцините


На денот на Републиката, 14 јули, францускиот претседател Емануел Макрон, одлучи првпат да ја следи традицијата на своите претходници и во директен пренос да одговори на прашања од двајца новинари. Гледаноста беше огромна, но политичкиот резултат беше лош. Според анкетите на јавно мислење објавени од весникот Ле Фигаро, претседателот не беше убедлив, што го потврдува […]

Од денеска за влез во Австрија е потребен задолжителен ПЦР тест


Aвстрија – Во Австрија на полноќ стапија во сила новите мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите земји од Западен Балкан. За граѓаните на Австрија, ЕУ, Европската економска заедница, Швајцарија, како и сите државјани на трети земји кои живеат во Австрија, кога се враќаат од регионите со ризик, според […]

Ураганот Хана го погоди брегот на Тексас, го урна ѕидот меѓу САД и Мексико


САД – Ураганот Хана вчера го погоди брегот на Тексас, уривајќи електрични столбови и делови од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Невремето беше проследено со поројни дождови и силни ветрови во целиот регион. Хана во саботата доцна навечер пристигна до американскиот брег, во близина на островот Падер, како ураган од прва категорија на петстепената […]