„Јутарњи. хр“: Влатко Стефановски со бесплатен концерт пред ХНК во Загреб


Фото: Б. Грданоски

Македонскиот виртуоз за гитара Влатко Стефановски в среда, 29 јули, со почеток во 21 часот, ќе одржи концерт пред загрепското ХНК. Настапот ќе се одржи во склоп на Фестивалот Св. Марк, а влезот на концертот ќе биде слободен, пишува „Јутарњи.хр“.

Како што најави музикологот Гордана Крпан, распоредот на концертот носи своевидна компилација од делата на Влатко Стефановски.

Тоа се традиционалните етно фолк класици „Абер дојде Донке“ и „Јовано, Јованке“, како и авторските дела „Чукни во дрво“ од албумот „Патуваме“ од 1989 година, „Бистра вода“ од албумот „Калабалак“ од 1983 година,  „Како какао“, го опишува репертоарот за среда Гордана Крпан.