Мицотакис се пофали: Оскаровецот Том Хенкс и сопругата Рита Вилсон добија грчки пасоши


Грција– Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон завчера на грчкиот остров Парос се сретнале со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и неговата сопруга Марева, и тоа како нови државјани на Грција. Мицотакис на неговиот инстаграм-профил објавил фотографија со холивудската двојка на која тие со насмевка на лицето ги покажуваат нивните нови грчки пасоши. […]

Си-Ен-Ен: Коронавирусот трајно ќе ја промени светската економија


САД – Коронавирусот, најверојатно, ќе остави траен белег врз светската економија, донесувајќи трајни промени, но и важни лекции, проценува Си-Ен-Ен. Следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што се безбедносните мерки по нападите од 11 септември. Важно е, смета телевизијата, да се инвестира во потребната инфраструктура за откривање на идните вирусни епидемии. […]

Пораст на активното население, мажите и натаму подоминантни од жените


Пораст на активното население во земјава се бележи во изминатиот период од 10 години. Статистиката покажува дека лани имало 964.014 работоспособни граѓани што е за 35.239 повеќе во споредба со 2009 година. Најголем дел се вработени во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, земјоделството и градежништвото. Речиси во сите сектори во последните три години […]

Анкета: На 100 дена до изборите Американците мислат дека земјата оди во погрешен правец


САД– На точно 100 дена пред претседателските избори во ноември повеќето Американци мислат дека САД одат во погрешен правец, отколку во било кој момент претходно за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, покажува новата анкета на Асошиетед прес и НОРЦ Центарот за јавно истражување. Според резултатите од истражувањето, начинот на кој претседателот се бори против […]

Јувентус деветти пат по ред шампион на Италија


Италија– Јувентус ја победи Сампдорија со 2:0 синоќа на домашен терен во натпревар од 36. коло од Италијанското фудбалско првенство и го обезбеди шампионскиот трофеј. Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Федерико Бернардески. Пред крајот на натпреварот, Роналдо промаши пенал. Јувентус на две кола до крајот на сезоната во Серија А има 83 бода и […]

Во карантин 480 сезонски работници на имот во Баварија


Германија – Најмалку 174 сезонски работници на еден имот во Баварија се заразени со коронавириус, поради што околу 480 лица се ставени во карантин. Претходно работниците на земјоделскиот имот во Маминг, од кои поголемиот број се од источниот дел на Европа, се тестирани, а потоа заразените биле одвоени од останатите. Надлежните служби во Баварија вршат контрола […]

Мас: Германија го одби предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7


Германија– Германија го отфрли предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да се покани рускиот претседател Владимир Путин на средбата на Групата седум најразвиени земји (Г7), изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. Русија беше исклучена од Г7 во 2014 година, по анексијата на Крим, а Трамп минатиот месец предложи Г7 повторно да се прошири, […]

САД двојно ги зголемија инвестициите во вакцината на компанијата „Модерна“


САД– Американската Влада двојно ги зголеми, на речиси една милијарда долари, инвестициите за развој на потенцијалната вакцина против Ковид-19 на американската компанија „Модерна“, која влегува во последна фаза на клиничко испитување. „Модерна“ во април доби 483 милиони долари кога изработката на вакцината била во почетна фаза, а американската Федерална агенција за фармацевтска технологија сега се […]

Намичева: Старата скопска чаршија се деградира до степен на непрепознатливост


-Скопје е денес град во кој е ампутиран најголемиот дел од неговата архитектонска физиономија градена со столетија. Град кој, за жал, приличи на детските боенки каде еден нацртал глава од слон, а другиот додал тело од зебра. Сликата за градот стана уште поискривоколчена со атакот од стиропорните новокомпонирани згради од „Скопје 2014“, со што на […]

Онлајн дебата за економската соработка на Западен Балкан


САД– Во пресрет на средбата на лидерите од земјите од шест земји од Западниот Балкан в среда посветена на регионалната економска соработка, денеска ќе биде организрана онлајн дебата на која говорници ќе бидат извршниот потпретседател на Атлантскиот совет, Дејмон Вилсон и заменик претседавачот на Групата Олбрајт Стоунбриџ, Џим О’Брајан. Во рамки на дискусијата Вилсон и […]

Нов бран мигранти, стари проблеми за превозниците, високи казни, притвори…


Над 30 проценти од анкетираните превозници членки на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ се соочиле со проблеми откако во нивниот камион нелегално се уфрлиле мигранти. Плаќање високи парични казни и над 4.000 евра, притвор и долги судски постапки за докажување невиност во превоз на мигранти иако немаат инволвираност се чест проблем на превозниците во товарниот превоз. […]

Бројот на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000, моментно 4.199 активни случаи


Дневниот број на новозаразени лица од Ковид-19 во земјава и натаму е троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани дури 152 нови случаи на КОВИД-19. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 10086, а има вкупно 4199 активни случаи. Бројот на оздравени од почетокот на епидемијата […]

Сончево со умерена облачност, неделава температури околу 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и умерен, а долж Повардарието засилен, ветер од северен правец. Дневната темпертаура ќе се движи од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне 8. Во Скопје и околината, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен […]

Количината дожд која наврна во Загреб се случува еднаш во 100 години


Хрватска– Директорката на Државниот хидрометеоролошки институт на Хрватска, Бранка Иванчан Пицек изјави дека 90 литри дожд на метар квадратен, што наврна во Загреб за 24 часа, е многу редок феномен што се случува еднаш во повеќе од 100 години. – Таа количина што падна за 24 часа се интензивни врнежи,, чиј повратен период е повеќе […]

Черних: Периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје е 500 години


Според податоците и истражувањата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје, периодот на повторување на силен земјотрес во скопското епицентрално подрачје, е 500 години, што укажува дека при градењето во овој град треба да се имаат предвид техничките карактеристики на тлото, како и неопходноста од проекти со асеизмички дизајн за интензитет од […]

Британска делегација при НАТО: Приемот на Северна Македонија – историски момент за Алијансата


Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО не е од значење само за нас, туку и за сојузниците, напиша министерката за внатрешни работи Радмила Шекеринска на Фејсбук, пренесувајќи објава од твитерот на Британската мисија во Алијансата. – Делегацијата на Обединетото Кралство во НАТО во рамките на National photo week на Твитер објави фотографии од моментот на […]

Германските власти предупредуваат: Вториот бран од коронавирусот е тука


Германија – Со секојдневното зголемување на бројот на заразени лица со коронавирус, во германската јавност сè повеќе се слушаат предупредувања дека вториот бран на епидемијатаја погоди таа земја, а загриженост изрази и државниот институт за заразни болести. – Вториот бран на коронавирус е веќе тука. Тоа се случува секој ден. Сега секој ден имаме жаришта на […]

Српски инфектолог: Цела Србија е жариште, а колективен имунитет не е решение


Србија – Српскиот инфектолог Мијомир Пелемиш изјави дека стекнувањето колективен имунитет не е решение, туку решението го гледа во вакцина доколку, како што рече, коронавирусот не исчезне сам од себе. Пелемиш, кој е член на Кризниот штаб на Владата на Србија за сузбивање на заразната болест Ковид-19, за телевизијата Прва изјави дека стекнувањето колективен имунитет е […]

Дураку: Не исклучуваме никого, но со ДУИ во влада ќе биде многу тешко


Ние не исклучуваме никого, но исто така сме кажале дека со ДУИ во влада ќе биде многу тешко, можеби неизводливо. Сепак, ќе оставиме на политичките лидери. Знаете какви се бројките и можностите, има многу варијанти, изјави Шефик Дураку, портпарол  на Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на денешната прес-конфернеција во Централниот штаб, прашан дали […]

Новата француска подморница „Суфрен“на нуклеарен погон се очекува во Тулон


Франција– Новата француска подморница за напад на нуклеарен погон„Суфрен“ се очекува да пристигне во матичната воена база во Тулон, настан кој е од големо значење за француската доктрина на нуклеарна дисуазија (одвраќање), но кој поминува скоро незабележано, јави дописникот на МИА. „Суфрен“ е првата од шесте француски подморници од класата Баракуда, која е изградена во […]