Во карантин 480 сезонски работници на имот во Баварија


Германија – Најмалку 174 сезонски работници на еден имот во Баварија се заразени со коронавириус, поради што околу 480 лица се ставени во карантин.

Претходно работниците на земјоделскиот имот во Маминг, од кои поголемиот број се од источниот дел на Европа, се тестирани, а потоа заразените биле одвоени од останатите.

Надлежните служби во Баварија вршат контрола дали се почитуваат карантинските мерки.