Недоверба во францускиот претседател и вакцините

На денот на Републиката, 14 јули, францускиот претседател Емануел Макрон, одлучи првпат да ја следи традицијата на своите претходници и во директен пренос да одговори на прашања од двајца новинари. Гледаноста беше огромна, но политичкиот резултат беше лош.

Според анкетите на јавно мислење објавени од весникот Ле Фигаро, претседателот не беше убедлив, што го потврдува и самиот Макрон: И покрај сите резултати што се добри, како и намалувањето на невработеноста, јас не успеав да ја добијам довербата на Французите.

Ле Фигаро објави истражување од агенцијата „Одокс-Дентсу Консултинг“ што ја потврдува изјавата на претседателот. По интервјуто на 14 јули, само пет проценти од испитаниците истакнале дека целосно му веруваат.

„Интервјуто на претседателот на телевизиите ТФ1 И Франција 2 го гледале седум од десет Французи, но тој не успеа да ги увери. Уште полошо е тоа што 63 проценти од нив веруваат дека не ја кажал вистината“, пренесува Ле Фигаро.

Претседателот Макрон најави дека задолжителното носење маски ке стапи во сила од први август, а веднаш потоа Ле Паризиен ја пренесе изјавата на премиерот Жан Кастекс дека маските ќе мора да се носат од следната недела. Во исто време францускиот министер за здравство, Оливер Веран ( два дена по говорот на Макрон) замина на територијата на шест комуни на подрачјето на Мајен на западниот дел на земјата, каде е откриено ново жариште на епидемијата.

Левичарскиот дневник Л’Хјуманит забележува: „За само неколку дена Владата на Франција премина од препораки за носење маска до задолжително носење маска. Работите се забрзуваат поради опасноста од „втор бран“, чие реализирање е се поверојатно, поради притисокот на лекарите и опуштеноста на граѓаните кои се почесто не ги применуваат мерките на претпазливост“.

Во трката за вакцина

Медиумите потсетуваат дека здравствените власти на почетокот на епидемијата тврдеа дека не е неопходно да се носат маски ако немаме симптоми (само заболените), дека не е неопходно да се тестираме ако немаме симтоми, туку да седиме дома, за да се покаже спротивното, но властите всушност немале маски во стратешките залихи, а од непознати причини не ги купиле тестовите од француските ветеринарни лаборатории, што веднаш им го понудиле тоа, па на крај 80 отсто од тестовите ги купиле Германија и САД.

Соговорникот на весникот Ле Фигаро, социологот Жан-Доминик Мишел, истакна дека имало грешки за време на епидемијата, што е „разбирливо“ бидејќи се работи за непознат вирус, но оценува дека вистински проблем е оној што е „хроничен и системски“, а тоа е “инфилтрација на интересите на фармацевтската индустрија во сите сегменти на здравствените власти.“

Според Мишел, властите забранија амбулантски препишувања на деривати на стариот и ефтин лек против маларија, хидроксихлорокин „за да се фаворизира друг лек, Ремдесивир, произведен од Гилеад, чија ефикасност не е докажана, но затоа цената е астрономска“.

Податоците објавени од економскиот неделник „Челинџ“ делуваат речиси како илустрација на проценката од социологот Мишел. Најновата листа на 500 најбогати луѓе во Франција потврдува дека компаниите од областа на фармацевтската индустрија и здравство заработиле најмногу за време на епидемијата.
Дневниот весник „Ајурдуиху“ објави извештај од Институтот Пастер во Париз под наслов „Во срцето на трката за вакцина“ и известува дека во моментот кога „епидемијата повторно ќе започне, не постои третман против вирусот. Истражувањата се интензивираат насекаде. Тестовите врз луѓето ќе започнат во Институтот Пастер“.

Весникот пренесува дека Институтот Пастет, што е државна институција, во партнерство со приватниот фармацевтски гигант МСД напредуваше во истражувањата во кои како почетна точка била земена вакцината за сипаници што е потоа генетски модифицирана да произведе еден протеин на коронавирусот.
„Засега знаеме дека оваа вакцина произведува антитела кај глувците, но се уште е отворено прашањето дали оваа вакцина е опасна за луѓето. Втората и третата експериментална фаза треба да покажат дали антителата навистина штитат од коронавирусот. Патот е долг, а очекувањата големи“, изјави Кристоф Д’неферт, научен директор на Институтот Пастер.

Недовреба во здравствените власти

Весникот Ле Фигаро, во истиот тематски блок за вакцините, сепак, пишува и текст за тоа што сите веќе го знаат, растечки масовен отпор кон вакцините и недоверба во здравствените власти што тврдат дека тие се единствениот лек против коронавирусот.

„Почна офанзивата против вакцините. Противниците на вакцини се организираат околу теориите на заговор“, е насловот на текстот во кој се вели дека пораките кружат преку електронска пошта. Една од ваквите типични пораки гласи: „ Отсекогаш знаев дека ќе успеат да најдат начин да ги убијат сите возрасни луѓе – ако ништо друго, и тоа да соберат пари од пензии (што нема да мора да ги платат)“.

Имунологот д-р. Франсоази Салвадори истакна дека најрадикалните противници на вакцини почнаа со засилена акција преку социјалните мрежи кон крајот на јануари.

„Според првичните проценки, 26 отсто од Французите одбиваат вакцина дури и пред да биде пронајдена, но тој број треба да се земе со претпазливост. Здравствените власти неодамна предупредија дека бројот на вакцинирани жители значително опаѓа од почетокот на епидемијата на коронавирусот. Средината на јуни, 44.000 бебиња не добија вакцина против дифтерија, тетнус и детска парализа. Откако францускиот министер за здравство објави набавка на 400 милиони дози вакцина против коронавирусот, доколку се ефикасни, веднаш се појави петиција против тоа“, изјави Салвадори.

Очигледните врску меѓу заработката и инфекцијата предизвикуваат зголемена доверба во јавноста, покажува и веста што ја пренесе Франс Инфо: апликацијата Стоп-ковид за мобилните телефони чија цел е да овозможи следење на контакт на заболени лица со незаразени, нема успех. Во Франција, каде има 70 милиони жители, апликацијата ја инсталирале само два милиони и 300 сопственици на телефони, а потребно е седум пати повеќе за апликацијата да ја исполни здравствената цел. Граѓаните немаат доверба дека податоците што поминуваат преку Андроид програмата нема да бидат искористени за други цели.

Весникот Алзас пренесува дека регионалните здруженија во Источна Франција испратиле писма до нивните заменици што ги претставуваат во парламетот поради инсталација на 5Г мрежата, што ќе почне за неколку дена. Посочуваат дека Владата со декрет одлучила операторите за да ја инсталираат оваа мрежа, немаат обрвска да бараат согласност од општините и населението. Покрај сомневањето дека 5Г брановите се опасни за здравјето, здруженијата истакнаа дека овој систем торши огромна количина енергија, а постојано се говори за штедење на енергијата и „зелена иднина“. Како тогаш да им се верува на властите?

Неделникот „Акту“, наменет за млади луѓе, можеби заради сите овие вознемирувачки теми, го свртува погледот кон Марс и на првата страница носи фотографија од робот за истражување на Црвената планета со наслов: „Толпа на патот кон Марс: три истражувачки мисии започнуваат ова лето“. (Ле фигаро)