Влез на македонски државјани во Бугарија со негативен ПЦР тест


Фото: Б. Грданоски

Бугарската Влада одлучи делумно да ги олесни мерките за влез во земјата за пет држави, меѓу кои и Северна Македонија, при што македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија само со негативен ПЦР тест.

Освен од Северна Македонија, со приложен ПЦР тест не постар од 72 часа, во Бугарија ќе можат да влезат и државјани на Србија, Молдавија, Израел и Кувајт.

Според бугарската Влада, одлуката за овие олеснувања е на барање на туристичкиот сектор во земјата.

За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.