Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица


Православните христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача …

Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица Read More »

„ТНТ“ се враќа во судница


Oд утре, па сè до 27 јануари во Основниот кривичен суд во Скопје секој ден се закажани рочишта за предметот ТНТ, кој е во завршна фаза. До донесување на пресуда, треба да заврши распитот на петмина од обвинетите. Првично, првото рочиште во 2020 за случајот кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ беше закажано …

„ТНТ“ се враќа во судница Read More »

(Фото) Гламурозна колекција на “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”: Сѐ што сјае е злато


Дизајнерот Златко Јовановски познат по уникатните и екстравагантни креации и за свечени пригоди и за свадби, со ателјеа во Скопје и во Тетово, пред Нова година ја промовира новата колекција наменета за дами кои ценат префинет и провокативен стил. Колекцијата е во препознатливите бои на брендот “ЈZJ by Zlatko Jovanovski” – златната, сребрената, црната и …

(Фото) Гламурозна колекција на “ЈZJ by Zlatko Jovanovski”: Сѐ што сјае е злато Read More »

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите


Веднаш по априлските избори да се прочистат судиите, обвинителите, но и политичарите побара шефот на државата Стево Пендаровски. Претседателот во своето годишно обраќање вчера во Собранието им порача на политичарите со ветингот да почнат од своите редови. „Сакам уште од сега јавно да ѝ порачам на следната власт: веднаш по изборите спроведете прочистување и кај …

Пендаровски со прво годишно обраќање во Собранието: Ветингот да почне од политичарите Read More »

Оваа година нема да се доделува наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин”


Ниту еден од пријавените кандидати нема да ја добие државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за 2019 година, одлучи Одборот за оваа награда која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. Одборот за наградата, со кој претседаваше новинарката Катерина Блажевска, нема да ја додели наградата затоа што, како што е наведено во одлуката, …

Оваа година нема да се доделува наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин” Read More »

Отворен македонски Културно-информативен центар во Истанбул


Во Истанбул вчера свечено беше отворен Културно-информативен центар на Република Северна Македонија. На отворањето присуствуваше и македонскиот министер за култура, Хусни Исмаили, кој истакна дека во годините што следуваат Центарот ќе биде главно средиште за претставување на уметниците и проектите од Република Северна Македонија во Истанбул. Тој потсети дека владите на Турција и Северна Македонија …

Отворен македонски Културно-информативен центар во Истанбул Read More »

Наградата „Жан Моне“ за најдобра сторија за Зоран Јовановски од „360 степени“


Новинарот на „360 степени“ Зоран Јовановски – за најдобра новинарска сторија, фоторепортерот во весникот „Вечер“ Наке Батев – за најдобра репортерска фотографија и Столе Марковски од Кочани – за најдобра аматерска фотографија, се годинашните добитници на наградата „Жан Моне“, што ја доделува Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми. На конкурсот биле пријавени …

Наградата „Жан Моне“ за најдобра сторија за Зоран Јовановски од „360 степени“ Read More »

Во февруари: Масимо Савиќ за прв пат во Филхармонија со „Најдоброто од…“ програма


По три години пауза, регионалната поп-ѕвезда од Хрватска Масимо Савиќ  доаѓа во Скопје со два ексклузивни концерта на 3 и 4 февруари. Масимо овој пат ќе има свое деби во најубавата концертна сала на овие простори- салата на Македонската филхармонија. Публиката ќе има можност да ужива во “best of” програма, каде што Масимо и неговиот …

Во февруари: Масимо Савиќ за прв пат во Филхармонија со „Најдоброто од…“ програма Read More »

„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија в сабота во 12 часот ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт за деца. Концертот е насловен „Замисли желба“, а приказната ја следи нарацијата која ја сугерира насловот – новогодишните желби кои секое дете си ги посакува на крајот од годината. Поентата и мотивот во приказната се дека не треба да се фокусираме …

„Замисли желба“ – новогодишен концерт за деца во Филхармонија Read More »

„Медена земја“ во тесен избор за Оскар во две категории


Документарецот  „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што …

„Медена земја“ во тесен избор за Оскар во две категории Read More »

Врие во Трнодол: Жителите најавуваат протести и тужба против градоначалникот Богоев


Жителите на Трнодол најавуваат протести ако Општина Карпош не го повлече детаљниот урбанистичкиот план, кој, како што велат, може да предизвика лизгање големи земјени маси поради градење во заштитно зеленило под брдото, кој го загрозува сообраќајот и кој отвора можност за градежна инвазија и градење населба која навлегува во заштитеното подрачје на Парк-шумата Водно. Жителите …

Врие во Трнодол: Жителите најавуваат протести и тужба против градоначалникот Богоев Read More »

Кидман, Терон и Роби во Скопје: „Bombshell“ од 26 декември во Синеплекс


Холивудските ѕвезди Шарлиз Терон, Маргот Роби и Никол Кидман заедно го промовираа својот нов филм „Тие се бомби“ (Bombshell) во Лос Анџелес, во кој се зборува за новинарките на Фокс, кои го разоткриле сексуалниот предатор Роџер Аилес. Филмот ќе се прикажува во Синеплекс од 26 декември. За промоцијата на филмот трите холивудски диви одбраа сосема …

Кидман, Терон и Роби во Скопје: „Bombshell“ од 26 декември во Синеплекс Read More »

Ревија на Јована Филиповиќ во „Станица 26“


Дизајнерката Јована Филиповиќ за која се бара покана повеќе на ревиите во Скопје, по две година пауза од модната сцена, организира ревија в недела, во 201 часот во „Станица 26“. Колекцијата за сезоната 2020 е насловена „ ID-entity “. Претходно, Филиповиќ беше на мастер студии на универзитетот за мода, Полимода во Фиренца, Италија. -Во денешно …

Ревија на Јована Филиповиќ во „Станица 26“ Read More »

Во МСУ пристигнуваат светски етаблирани уметници


На 21 декември, во 20 часот во Музејот на модерната уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Сѐ што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени …

Во МСУ пристигнуваат светски етаблирани уметници Read More »

Почина ботаничарот Дејвид Белами, авторот на најпопуларните документарци


Англија– Легендарниот британски природонаучник и автор на популарни документарни серии Дејвид Белами почина на 86 години во Лондон. Како автор и водител, тој се појави во голем број документарни серии и емисии од областа на ботаника, екологија и животна средина, станувајќи едно од омилените ТВ-лица. Беше иницијатор и за најпопуларниот документарен серијал „Опстанок“, но не …

Почина ботаничарот Дејвид Белами, авторот на најпопуларните документарци Read More »

Харви Вајнстин пуштен на слобода: Два милиони долари кауција за најмоќниот холивудски предатор


САД- Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин се согласи да понуди дополнително уверување дека нема да избега од случајот за сексуални напади. Уверувањата биле поднесени до обвинителите во Њујорк, кои се обидоа да ја зголемат кауцијата, откако тој, наводно, не носел електронска нараквица. Обвинителите побараа кауција од 5 милиони долари за поранешниот холивудски продуцент, наместо првичните …

Харви Вајнстин пуштен на слобода: Два милиони долари кауција за најмоќниот холивудски предатор Read More »

Нела Тодоровска со унисекс ревија во МКЦ: Влијанието на кубизмот во модата


Вечерва, во 20 часот, во МКЦ, креаторката Нела Тодоровска која работи под брендот „ Mariguccha“ ќе ја претстави новата унисекс колекција за сезоната есен/зима 20120/2021. Колекцијата е инспирирана од влијанието на кубизмот во модата. -Почнувам од една минимална, чиста форма на кројка/конструкција која ја анализирам, подоцна ја деконструктивирам и повторно ја соединувам во  ансамбл на …

Нела Тодоровска со унисекс ревија во МКЦ: Влијанието на кубизмот во модата Read More »

(Фото) Венчаници во новогодишен дух: Нова колекција на Антонија Ристовска


Во бесконечната игра на љубовта , во бесконечната потрага по непознатото и среќата младата девојка го слави бесконечниот извор на животот.Младата девојка е алката во низата на бесконечноста наречена живот. Девојка која е самосвесна , нежна ,суптилна,духовита, со свој став и слободен дух.Токму таа е инспирација за најновата колекција насловена Infinity Bride -2020. Следејки го …

(Фото) Венчаници во новогодишен дух: Нова колекција на Антонија Ристовска Read More »

Скопје прозвучи новогодишно: Зимска бајка со пијанистот Дино Имери во Филхармонија


Зимска бајка ни отсвири талентираниот пијанист од помладата генерација Дино Имери синоќа на празничниот концерт во Филхармонија замислен како збогатување на празничната атмосфера и подигнување на новогодишното расположение, во организација на „Баги комуникации“. Иако скромната сцена не беше новогодишно накитена, тешката програма ѝ ги стопли срцата на публиката- љубители на класичната музика, пријатели, фанови и …

Скопје прозвучи новогодишно: Зимска бајка со пијанистот Дино Имери во Филхармонија Read More »

Јапонски грант за Националната опера и балет


Грант од околу 663.000 евра ќе ѝ додели Владата на Јапонија на Националната опера и балет за проектот за подобрување на музичките инструменти и опремата за озвучување и осветлување во институцијата. Во присуство на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за култура Хусни Исмаили, договорот за грантот денеска во …

Јапонски грант за Националната опера и балет Read More »