Кидман, Терон и Роби во Скопје: „Bombshell“ од 26 декември во Синеплекс


Холивудските ѕвезди Шарлиз Терон, Маргот Роби и Никол Кидман заедно го промовираа својот нов филм „Тие се бомби“ (Bombshell) во Лос Анџелес, во кој се зборува за новинарките на Фокс, кои го разоткриле сексуалниот предатор Роџер Аилес. Филмот ќе се прикажува во Синеплекс од 26 декември.

За промоцијата на филмот трите холивудски диви одбраа сосема различни комбинации.

Никол за таа прилика се појави во машки костум и кошула на Ив Сен-Лоран, со стегната машна околу вратот.

Марго одбра фустан со набори на Џанбатиста Вали, и благо брановидна фризура.

Сепак најголемо внимание привлече Шарлиз Терон со краткиот црн фустан на Диор со длабоко деколте, искомбиниран со црни сандали и елегантни обетки.