Ревија на Јована Филиповиќ во „Станица 26“


Дизајнерката Јована Филиповиќ за која се бара покана повеќе на ревиите во Скопје, по две година пауза од модната сцена, организира ревија в недела, во 201 часот во „Станица 26“.

Колекцијата за сезоната 2020 е насловена „ ID-entity “.

Претходно, Филиповиќ беше на мастер студии на универзитетот за мода, Полимода во Фиренца, Италија.

-Во денешно време дизајнерите не  креираат само колекции, туку се грижат и за бизнис делот од работата, адвертајзингот, креативните кампањи и сл. А сето тоа да изгледа така фино како што го прават модните брендови надвор сметам дека е потребно многу знање и искуство, ни изјави Филиповиќ.