Грција ја затвора границата со Македонија


Грција– Прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, е една од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата влада, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција …

Грција ја затвора границата со Македонија Read More »

Коронавирус: Кралицата се сели во замокот Виндзор


Англија- Кралицата Елизабета Втора (94) ја напушти Бакингамската палата и се сели во замокот Виндзор, откако советниците рекоа дека е „најдобро да се спречи  евентуална зараза од короната“. Владата вчера објави дека починале уште десет лица, со што вкупно бројката на починати во Велика Британија се искачи на 21, а позитивни 1.140. Планиран е карантин …

Коронавирус: Кралицата се сели во замокот Виндзор Read More »

Автобусите на ЈСП од утре според саботен возен ред


Ве информираме дека од утре, понеделник (16.03.2020 год), поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред. Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски …

Автобусите на ЈСП од утре според саботен возен ред Read More »

Креативни постери како поттик за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави повеќе креативни постери како поттик за почитување на мерките со цел спречување на ширењето на корона вирусот. -Да се седи дома значи да се биде креативен. Ова се дел од креативните постери кои учествуваат во поттикот за почитување на мерките со цел спречување на ширењето …

Креативни постери како поттик за почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Read More »

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава


Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5, која компанијата ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани. Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од коронавирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните …

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава Read More »

ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април


Државната изборна комисија (ДИК) пред утрешниот состанок на Советот за безбедност свикан кај претседателот Стево Пендаровски во врска со ширењето на коронавирусот побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, …

ДИК бара преиспитување на одлуката за изборите на 12 април Read More »

Докторите апелираат: „Поради коронавирусот држете се подалеку од цигарите“


Турција- Членот на Научниот одбор на Министерството за здравство на Турција, проф. д-р Фусун Онер Ејубоглу, рече дека пушењето значително ја нарушува одбраната на белите дробови, истакнувајќи дека коронавирусот потешко се лекува кај болестите поврзани со цигари, јавува Агенција Анадолија (АА). Проф. д-р Ејубоглу, проф. д-р Фуат Калјонџу, проф. д-р Метин Озкан и доцент д-р …

Докторите апелираат: „Поради коронавирусот држете се подалеку од цигарите“ Read More »

Австрија: Прекинува воздушниот сообраќај со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија


Австрија– Австрија прекинува воздушни врски со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија во напорите да се прекине ширењето на новиот коронавирус. Тоа го соопшти денеска канцеларот Себастијан Курц. – За да се запре потанамошно внесување на вирусот од странство, ќе бидат заострени правилата за влез во нашата држава. Се забранува влегување на туристи од Британија, Холандија, …

Австрија: Прекинува воздушниот сообраќај со Русија, Украина, Холандија и Велика Британија Read More »

Актери, спортисти, политичари: Познати личности заразени од коронавирусот


Франција (АФП) – Американскиот актер Том Хенкс, сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо и тренерот на Арсенал, Микел Артета, се меѓу богатите и славните заразени од коронавирусот. Еве ја листата:   Шоубизнис   Том Хенкс и неговата сопруга, актерка и пејачка Рита Вилсон, се првите холивудски sвезди кои објавија дека се заразени. Тие се сместени …

Актери, спортисти, политичари: Познати личности заразени од коронавирусот Read More »

Kороната го наруши луксузниот моден календар – еве ги ревиите и настаните што се откажани (досега)


Модниот месец во февруари помина со малку двоумење, но сега, индустријата презема поголеми мерки на претпазливост кога станува збор за претстојните cruise and resort shows . Како што беше претходно објавено од „Бизнис инсајдер“, многу модни уредници со седиште во САД, инфлуенсери, модели и други кои патуваа во Милано за модната недела се вратија и …

Kороната го наруши луксузниот моден календар – еве ги ревиите и настаните што се откажани (досега) Read More »

Метрополитен не го откажува гала црвениот килим


САД- Како одговор на пандемијата на коронавирус, државата Њујорк забрани собири на над 500 луѓе, а многу од културните институции на Њујорк ги затворија своите врати за да помогнат во борбата против ширењето на оваа болест. Тука спаѓа и Метрополитен музеј на уметноста, кој ги затвори сите три локации. Сепак, Мет, како што е познато, …

Метрополитен не го откажува гала црвениот килим Read More »

Донатела Версаче донираше 200 илјади евра за борбата против коронавирусот


Италија- Донатела Версаче е најновата модна личност која направи значителна донација за да помогне во борбата против коронавирусните инфекции. Креативниот офицер на брендот, заедно со нејзината ќерка Алегра Версаче Бек, донираа 200.000 евра на одделот за интензивна нега во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. „Во вакви времиња, важно е да се обединиме и да поддржуваме, …

Донатела Версаче донираше 200 илјади евра за борбата против коронавирусот Read More »

Холандски научници тврдат дека откриле антитело за коронавирусот


Холандија– Научници од Холандија во медицинскиот центар „Еразмо“ во Ротердам и универзитетот во Утрехт откриле антитело што може да помогне во откривање и превенција на ширење на заразата со новиот коронавирус. Нивното откритие допрва треба да помине низ ригорозно тестирање и тоа може да трае со месеци, јави Би-Би-Си. Холандија објави дека бројот на заразени со …

Холандски научници тврдат дека откриле антитело за коронавирусот Read More »

Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Мол со скратено работно време


Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол од денеска ќе работат со скратено работно време од 11 до 19 часот. Аптеките и маркетите во овие трговски центри остануваат да работат со редовно работно време од 8 до 22 часот. Тие, како што соопштија, ги подржуваат сите одлуки и во иднина ќе ги …

Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Мол со скратено работно време Read More »

Граѓаните од високо ризичните земји можат да влезат само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид


Граѓаните на Република Северна Македонија можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид, информираат од МВР. – Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево. Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги …

Граѓаните од високо ризичните земји можат да влезат само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид Read More »

„Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е „Роман на годината“ за 2019 година


Романот „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова, со тајно гласање и со мнозинство гласови, е избран за „Роман на годината“ за 2019 година. Николова е прва од досегашните лауреати која оваа награда ја добива втор пат. Прв пат „Роман на годината“ и е доделена за „Куклите на Росица“, објавен во 2004 година. Како што …

„Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова е „Роман на годината“ за 2019 година Read More »

Откако лани му изгореа три деца во Шри Ланка: Данскиот милијардер стана татко на близначки


Данска- Данскиот милијардер Андерс Холц Повлсен (47) на кого пред година дена му изгореа три од четири деца во хотел во Шри Ланка, како резултат на бомбашки напад, со сопругата станаа родители на близначки. Двојката изгуби син од пет години и две ќерки од 12 и од 15 години. Лани, веста за семејната трагедија на …

Откако лани му изгореа три деца во Шри Ланка: Данскиот милијардер стана татко на близначки Read More »

Се затвораат музеите и археолошките локалитети во Грција


Грција– Музеите и археолошките локалитети во Грција, со одлука на Министерството за култура, ќе бидат затворени до 30 март 2020, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството соопштуваат дека ваквата одлука доаѓа поради недостигот на персонал.

Пендаровски: Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО


Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи пленарна седница на која ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, рече на денешната прес-конференција претседателот на државата Стево Пендаровски. -И покрај состојбата во Шпанија која е исклучително лоша, бидејќи Шпанија е во високоризичните држави, тие на 17-ти овој месец закажаа седница на …

Пендаровски: Шпанија на 17 март ќе го ратификува Протоколот за НАТО Read More »

Лудовик Орбан заминува во самоизолација, имал контакт со заразен сенатор


Унгарија – Вршителот на должноста романски премиер Лудовик Орбан денеска соопшти дека заминува во самоизолација бидејќи бил во контакт со сенаторот Вергил Читаку, кој бил позитивен на коронавирус. Двајцата вчера учествувале на состанокот на Постојаното национално биро на Национално-либералната партија, пренесе агенцијата Аџерпрес. Орбан кажа дека ќе биде во самоизолација и дека нема да учествува на …

Лудовик Орбан заминува во самоизолација, имал контакт со заразен сенатор Read More »