Замрзнати новооткриените 3000 метри квадратни плац на Водно и два стана на Никола Груевски


Новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на екс премиерот Никола Груевски, се замрзнати со одлука на Основен кривичен суд, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК потпирајќи се на изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Јовески за порталот СДК.МК вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на […]

Во вторник повик за субвенции за чистење на оџаци, може да се аплицира онлајн


Градот Скопје во вторник нареднава неддела ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицират онлајн. Од Градот информираат дека со овој повик ќе се надоместат и дел од трошоците на домаќинства […]

Морисон: Австралија не брза да ги отвори границите


Австралија – Австралија не брза да ги отвори меѓународните граници и да го ризикува животот кој речиси е ослободен од коронавирусот, изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Австралија ги затвори своите граници за сите лица кои не се нејзини државјани или немаат регистриран престој на нејзина територија во март 2020 година, а ограничен влез е дозволен во претходните […]

Косово се уште без одговор дали ќе го екстрадира Африм Исмаиловиќ и покрај дадените гарации од македонска страна за повторено судење


Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило позитивно на барањето за екстрадиција на осуденикот. Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за МИА изјави дека косовската страна побарала гаранции […]

Дали и како Тетовското Кале од османлискиот период ќе се успее да се спаси од руинираност


Тетовското Кале, тврдина изградена во Османлискиот период на ридот Бал Тепе, иако е под државна заштита како значен споменик на историското наследство, веќе долги години, повеќе наликува на руинирано и запуштено место. Од оваа тврдина и внатрешните објекти, останати се само остатоци, претежно од ѕидовите и тунелите. Само една од внатрешните згради – тогашна трпезарија […]

Најмногу дожд во Ѓуриште и Крива Паланка, во текот на денот на места врнежите краткотрајно ќе бидат поројни


Најмногу наврнат воден талог во изминативе 24 часа до 8 часот утрово има во Ѓуриште каде наврнаа 20 литри на метар квадратен, потоа Крива Паланка – 18  литри, Крушево и Претор – 16, Скопје-Петровец – 14,  Лазарополе – 10,  Охрид – 9, во Гевгелија, Берово, П.Шапка 2 литри на метар квадратен. Управата за хидрометеролошки работи […]

Захарова: Прага е свесна што следи по протерувањето руски дипломати


Русија– Прага знае какви ќе бидат последиците по протерувањето на 18 руски дипломати од Чешка, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Прага е свесна за тоа што следи по ваквите трикови“, изјави Захарова за агенцијата ТАСС. Чешка протера 18 руски дипломати под сомнение дека офицери на руската служба ГРУ биле вмешани во […]

„Комплексно минато: разновидна иднина“: Меѓународен ден на спомениците и локалитетите


„Комплексно минато: разновидна иднина“ е тема на годинашното одбележување  на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април, одредена од Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС). Целта на темата годинава е да се иницира дискусија и критичко испитување на минатото преку зачувувањето на културното наследство, поттикнувајќи негово согледување и презентирање од различни гледишта […]

Залогот на Бајден: Ќе заживее ли повлекувањето на американските војници од Авганистан


На почетокот американската војна во Авганистан беше одмазда за 11.09. Потоа се водеше за поддршка на слабата влада и нејзината слаба армија, така што Ал Каеда на Осама бин Ладен никогаш повеќе да не може да им се заканува на САД. Сега таа се движи кон самиот крај. Со оглед на тоа дека Бин Ладен […]

Многумина не ја знаат приказната за куќата во која е спасен животот на Кемал Ататурк во кавадаречко Дабниште


Според усните преданија, пред повеќе од еден век, Мустафа Кемал Ататурк, пред Младотурската револуција, како млад офицер, преживеал во засолниште во Кавадаречко,  кое му го обезбедил Атанас Ајзовски од селото Дабниште, за што подоцна од таткото на Турција Ататурк, добил подароци, меѓу кои и пушка „винчестер“. Тепан и понижуван, но не го предал револуционерот скриен […]

Министерката Стефоска во посета на културно-историски споменици во Битола


Министерката за култура Ирена Стефоска денеска по повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите ќе престојува во Битола каде ќе посети неколку значајни културно-историски споменици. Стефоска ќе го посети и Ислахането, училиштето за занаети и уметности од османлискиот период. Станува збор за објект стар 120 години, единствен од овој вид зачуван во земјава. 

Триесет случаи на мобинг минатата година, два за сексуално вознемирување


Триесет случаи на мобинг од кои 20 во приватниот и 10 во јавниот сектор регистрирал Сојузот на синдикати на Македонија минатата година. Најголем дел од пријавите се од мажи, а речиси тројно помалку од жени или изразено во бројки 19 пријави биле од мажи, а само пет од жени. Две од пријавите се за сексуално […]

Нов обид во Собранието да се донесе петтиот пакет антикризни мерки


Во Собранието денеска ќе има уште еден обид да бидат изгласани законите од петтиот антикризен пакет со што тој треба да стане функционален. На веб страницата на Собранието во 14:15 часот е закажана 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет, а претходно во 14 часот е закажана 32. седница. Законите […]

Утре се очекуваат 10 илјади дози од „Фајзер“, до крајот на април и 200 илјади кинески вакцини


Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје. Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи […]

Облачно со дожд, од пладне врнежите наместа поројни со грмежи


Променливо облачно време со врнежи од дожд во утринските часови најавуваат синоптичарите за денеска. Од пладне на одредени места ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерене ветер со променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 12 до 18 степени. Во […]

Саканиот дедо ги смири браќата Вилијам и Хари (хронологија на еден погреб)


Англија-Собрани заедно во најтажни околности, војводата од Кембриџ и војводата од Сасекс приредија манифестација на единство на погребот на нивниот сакан дедо, принцот Филип. Помирени за прв пат во повеќе од една година – и видени заедно во јавноста за прв пат откако војводата и војвотката од Сасекс дадоа интервју на Опра Винфри – отуѓените […]

Кејт Мидлтон со симболичен накит на погребот на принцот Филип


Англија- Познато е дека и војводата и војвотката од Кембриџ уживаа во блиски односи со принцот Филип во текот на целиот живот, како и силна врска со кралицата, нешто на што Кејт му оддаде почит преку изборот на накит за денешниот погреб во Виндзор, му присуство на семејството. Кејт се одлучи да носи црн превез, […]

Погребан принцот Филип: Церемонијата сам си ја испланирал (видео)


Англија– Во капелата на замокот Виндзор денеска беше погребан сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, кој самиот го испланирал до најситни детали. Кралицата Елизабета Втора се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во тесен круг на роднини, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија. Принцот Филип почина на 99-годишна […]

Мухамед Халили е новиот претседател на Советот на амбасадори


За нов претседател на Советот на амбасадори денеска е избран Мухамед Халили, а за потпретседатели Елеонора Петрова и Александра Наќева-Ружин. Од Советот на амбасадори попладнево соопштија дека во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски. Новиот претседател е избран на денешното Годишно собрание одржано […]

Светските лидери ги засукаа ракавите – која вакцина ја одбраа


Германската канцеларка Ангела Меркел се приклучи на растечката листа на светски лидери кои се вакцинираа против Ковид-19, таа прими АстраЗенека. Преглед на дел од државниците кои веќе се вакцинираа Линк до целиот текст на Дојче Веле тука