Фаворитот Италија со рок песна победи на 65. Евросонг


Италија со групата „Манескин“ и песната „Ziti e buoni“ победи на Евросонг благодарејќи на гласовите од телеволтингот. До крајот се водеше битката меѓу Франција и Швајцарија за да на крај со 524 гласови победи Италија. Ова е трета победа на Италија на музичкиот настан по Џинола Чинквети и Тото Кутуњо во 1964 и 1990 година и прва победа на група на Евросонг од 2006 година.

Бендот е од Рим а стана славен во Италија откако освои второ место на италијанскиот Икс Фактор во 2017 година. Победија на Сан Ремо годинава. Групата импонираше и со изгледот со потпис на Етро.

Преставничката на Франција Барбара Прави

На финалето вечерва гласаа сите 39 земји-учеснички а настапија 26 изведувачи, победници од двете финални вечери плус големата петорка и земјата домаќин: Шпанија, Англија, Франција, Италија и Холандија. Во првата петорка се најдоа и Франција, Швајцарија, Исланд и Украина. Македонија 12 поени и даде на Србија.

Претставникот на Швајцарија Ѓон Муамерај, со сценско име Солзите на Ѓон (Gjon’s Tears)

Финалето почна така што по диџеј сетот на Питер Габриел  на сцената во арената Ахој продефилираа сите учесници од 26 земји, налик на изборите на изборите за мис на убавина. Прва настапи Кипар, а Сан Марино беше последна.

Како специјални гости на финалната вечер на 65.Евровизија настапија шест легендарни поранешни победници : Лени Кур (1969), Teach-In (со Гети Касперс, 1975), Сандра Ким (1986), Хелена Папаризу (2005), Лорди (2006) и Монс Зелмерлов (2015) кои  ги изведоа својата песна од три уникатни локации во центарот на  Ротердам. Покривите на Маасило, Хотел Њујорк и Депото Бојманс Ван Беунинген .