Пинк, Дрејк и Д Викенд со најголеми почести на наградите „Билборд 2021“ (фото+ црвен килим)


САДТоа беше семејно дружење на музичките награди „Билборд“: Пинк се вртеше во воздух во моќен перформанс со нејзината ќерка, а Дрејк беше прогласен за уметник на деценијата, прифаќајќи ја честа заедно со неговиот 3-годишен син .

Дрејк, кој го прошири својот рекорд како најнаградуван музичар историјата на наградите -со 29 победи, синоќа беше опкружен со семејството и пријателите кои му ја доделија наградата „Уметник на декадата“. Тој одеше на сцената пред театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес со неговиот син Адонис .

„Оваа награда сакам да им ја посветам на моите пријатели, на моите долгогодишни соработници … на моето прекрасно семејство и на тебе“, рече тој, гледајќи го Адонис и го зеде за да го бакне.

Дрејк ја имаше својата прва песна на Билборд Хот 100 топ-листата во 2009 година, и оттогаш има најмногу песни досега на табелата, со 232 номинации. Тој исто така забележа рекордни 45 Топ 10 хитови на Хот 100 и рекордни 22 бр. 1 на топ-песната на Хот Р & Б / Хип-хоп.

Пинк ја доби наградата „Икона“, а на сцената и се придружи нејзината 9-годишна ќерка – покажувајќи ги своите моќни гимнастички вештини додека се вртеа во воздухот во перформансот . Кантавторката ги следи стапките на само уште девет незаборавни дела почестени за нивното трајно влијание врз музичката индустрија: Шер, Гарт Брукс, Џенет Џексон, Стиви Вондер, Мараја Кери ,Џенифер Лопез, Селин Дион и Нил Дајмонд.

Настапот на Пинк беше еден од неколкуте пред-снимени моменти на доделувањето на наградите, што се емитуваше на NBC, а го водеше Ник Џонас. Настапите во живо се одржуваа на отворено, пред публика со маски.

Д Викенд  беше подготвен да прифати најмногу награди во текот на ноќта – 10. Тој имаше16 номинации, освојувајќи почести како врвен изведувач, врвен машки изведувач, врвна песна на „Hot 100“ за „Blinding Lights“ и врвен R&B албум за „ After Hours.”

На на Наградите Билборд настапија диџеј Калед, Х.Е.Р. и Мигос,  Доџа Кет и СЗА, Алиша Кис, Карол Г,  Дјуран Дјуран…

Ѕвездите како Тејлор Свифт, Леди Гага и Канје Вест освоија почести на шоуто иако не присуствуваа. (АП)

Алиша Киз
Пинк со децата
Пријанка Чопра и Ник Џонас
Меган Фокс
Падма Лакшми