Џејн Фонда проговори за својот „најпотресителен“ бакнеж во животот – не е со Роберт Редфорд


САД– Американската филмска легенда Џејн Фонда во синоќешното гостување преку видеоврска во „Шоуто на Џими Фелон“, проговоре за својот „најпотресителен“ бакнеж во животот и во кариерата. Имено, таа во својата 60-годишна кариера и 59 филмски и ТВ-проекти, се бакнала со повеќе свои колеги, како на пр., со Роберт Редфорд во неколку филма. Сепак, како највпечатлив, […]

Објавен конкурсот за Годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите


Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) со цел да ја поттикне, популаризира и да ја афирмира музејската дејност објавува конкурс за доделување на Годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 година. Материјалите треба да бидат доставени најдоцна до […]

Драмски театар одбележува 75 години со празен салон, ама со надеж и верба


Со надеж и верба дека оваа празнотија во театарот е привремена, ние работиме и чекаме нашата енергија, талент и магија да ги споделиме со оние на кои им е наменет театарот – публиката, соопшти Драмски театар-Скопје по повод денешното одбележување 75 години постоење. – Седумдесет и пет години театарот живее и го чува духот на […]

Се отвора продавница на „Хари Потер“ за да ја врати магијата во Њујорк


САД- Магијата на филмовите за Хари Потер доаѓа во Њујорк на 3 јуни со отворањето на предводната продавница во близина на зградата Флетирон на 935 Бродвеј. „Тоа беше навистина тежок период во животот на луѓето и со отворање на продавницата Хари Потер во срцето на Њујорк, со нетрпение очекуваме да вратиме магија во животот на […]

Најдобрите меѓусезонски намалувања се во Fashion Group!


Во продавниците на вашите омилени брендови на Fashion Group како и онлајн, во тек е меѓусезонското намалување до -30%, но и многу други промоции во чии рамки сите ќе го најдат својот фаворит. Оваа сезона, бидете вистинска шик девојка со парчињата на Parfois каде од денеска, ќе најдете селектирани производи на -30%, а истото се […]

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот


Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20:00 до 5:00 часот, заклучно до 27 април 2021 година, соопштија од ЈСП. Возниот ред  е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје. Од ЈСП информираа дека […]

Владата го прогласи Аквадуктот за споменик со највисок степен на заштита


Владата на Република Северна Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес  кој долги […]

Изложбата на ДЛУМ „Цртеж – експериментален цртеж“ отворена до 30 април


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во Уметничкиот центар Арт хаб во ГТЦ  ја отвори изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“, која ќе може да се посети до крајот на месецов, од понеделник до петок од 9 -17 часот. Оваа традиционална изложба е во рамки на Годишната програма на ДЛУМ и се реализира под […]

Теохарис: Грција ја отвораме на 14 мај  


Грција– Отвораме на 14 мај и ова треба да биде јасно. На 14 мај отвораме, порача министерот за туризам на Грција Харис Теохарис од Парламентот, одговарајќи на пратеничко прашање на претседателката и пратеничката група на Движење на промена за туризмот, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис објасни дека владиниот план за туризмот веќе почна […]

Каролин Карлсон добитничка на наградата „Менада“ на Танц Фест Скопје 2021


Кореографката и танчерка Каролин Карлсон е годинешната добитничка на Наградата за животно дело и врвни остварувања во областа на танцот „Менада“, на фестивалот Танц Фест Скопје 2021. -Со прифаќањето на наградата од оваа легендарна уметничка, Танц Фест уште еднаш ја потврдува својата позиција на извонредност на светската танцова сцена и заложбите за развој на современиот […]

Грошељ: Изјавата на Мицкоски дека нон-пејперот не е на Јанша, туку на Фајон, Пицула и Заев е класична лажна вест


Класична лажна вест и теорија на заговор – вели словенечкиот европратеник Клемен Грошељ за изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијаn Мицкоски дека премиерот на Словенија и негов пријател Јанез Јанша не бил креатор на нон-пејперот за промена на гранциите на Балканот туку дека тоа го направиле Тања Фајон, Тонино Пицула и Зоран Заев. – Тоа […]

Стигна првата пратка од 10.530 дози од вакцината „Фајзер“


Министерството за здравство информира дека попладнево стигна првата пратка од вакцината „Фајзер“, која тоа ја обезбеди cо директни преговори со овој производител на вакцина против Ковид 19. -Станува збор за 10.530 дози од вакцината „Фајзер“, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за […]

Стивен Сигал ја продава куќата во Аризона со прозорци отпорни на куршуми (галерија)


САД– Акционата ѕвезда Стивен Сигал повторно ја нуди на продажба куќата во пустината во Аризона, од 12 хектари надвор од Скотсдејл за 3,4 милиони долари. Актерот познат по воените вештини стекнати во Јапонија, го купи имотот за 3,5 милиони долари во 2010 година и го продаваше повеќе пати во последните неколку години. Модерната куќа дизајнирана […]

Крај на ерата „ поголемото е подобро“:  Најскапите куќи во Америка чекаат подобри времиња за продажба


Можеби резиденциите станаа премногу големи. На крај, на кого навистина му треба сопствено кино со 50 седишта? САД– Со години архитектите, особено во Лос Анџелес, се обидуваа да се надминат едни со други со повеќе палатиални резиденции со бесконечни базени кои оставаат без здив, домашни кина и светкави хеликоптери. Но, сега се поставуваат прашања дали […]

Прв онлајн Саем на книга на првата македонска интернет-книжарница 


Првата македонска интернет-книжарница добива нов изглед и ја продолжува традицијата на организирање пролетен Саем на книгата. Ново онлајн саемско искуство од 19 до 30 април на првата македонска интернет-книжарница – www.kniga.mk. Веб-книжарницата која речиси 20 години ги поврзува книгите и читателите нудејќи виртуелно книжевно искуство од денес ги отвора вратите на својата нова и модерна книжарница […]

Мадона: Контролата на оружјето е новата американска вакцина


САД– Мадона постави две видеообјави кои повикуваат на контрола на оружјето во САД, обраќајќи им се на своите следачи на Инстаграм со повикот „Разбуди се, Америка!“ – за крај на насилството со оружје. Во видеото надополнето со ознаките #WAKEUPAMERICA (Разбуди се, Америка) и #GUNCONTROLNOW (Контрола на оружјето сега), заедно со непознати луѓе на улиците и маска „фантомка“ […]

МСУ: Mакедонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години во фокусот на новата изложба


Дел од изложените дела се во сопственост на МСУ, и еден дел се позајмени од Националната галерија Македонија, од Музејот на град Скопје и дел од приватни колекции Од утре (вторник 20 април), во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена за посетители, изложбата со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во […]

Заев: Родната куќа на Конески во Небрегово е прогласена за спомен дом


– Богатото и комплексно минато на нашата земја и на цивилизациите испреплетени на нејзините простори, ни оставија споменици на разновидноста и на иднината, кои сме должни да ги чуваме и да ги афирмираме како наш придонес во светската културна и споменична ризница, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по повод 18 април, Меѓународниот […]

Нови 364 случаи на Ковид-19 од 2.379 тестирања, 24 лица починати, оздравени 689


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се 24 починати, од кои најмладиот 40-годишник од Скопје. Регистрирани се 689 оздравени пациенти. Од новозаразените, во Скопје се 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – […]

Стефоска: Објектот Ислахане во Битола го ставаме во привремена заштита


Завод и Музеј-Битола објектот Ислахане, некогашното занаетчиско училиште во тој град станува дел од списокот на објекти под привремена заштита, изјави министерката за култура Ирена Стефоска. Одбележувајќи го Светскиот ден на споменици и локалитети кои годинава се фокусирани на темата „Комплексно минато – разновидна иднина“, Стефоска посочи дека режимот на заштита на битолското Ислахане ќе […]