Франко Неро го враќа Кевин Спејси на филм со улога на детектив


САД- Актерот Кевин Спејси (61) се враќа на филмот. Понижениот Оскаровец, ќе се појави во претстојниот италијански филм наречен L’uomo Che Disegnò Dio, што во превод значи The Man Who Drew God, пренесува ABC News. Режисер на филмот е италијанскиот актер Франко Неро, кој исто така ќе глуми во филмот.

„Многу сум среќен што Кевин се согласи да учествува во мојот филм“, изјави Нерон за ABC. „Го сметам за одличен актер и едвај чекам да го започнам филмот.

Спејси сè уште не е наведен на страницата на ИМДБ за филмот, кој треба да се снима во Италија. Според „Ивнинг Стандард“ и „Телеграф“, добитникот на Оскар ќе ја преземе улогата на детектив кој истражува погрешно обвинет педофил.

Продуцентот Луис Неро за „Варајети“ потврди дека Спејси ќе направи камео како детектив во филмот. Тој исто така потврди дека Ванеса Редгрејв, која е во брак со Франко Неро, ќе има мала улога во филмот како професор по пијано, доколку таа може да патува од Англија до Италија.

Во последниве години, Спејси се соочуваше со значителни обвинувања и тужби за наводно сексуално однесување, вклучително и најмалку 20 млади момчиња кои тврдеа недолично  однесување од страна на Спејси во славниот театар „Олд Вик“ во Лондон помеѓу 1995 и 2013 година. Заради обвинувањата, Спејси го напушти нимањето на хит серијата на Нетфликс House of Cards.

Уште во септември беше објавено дека актерот Ентони Рап го тужел Спејси за сексуален напад. Актерот и друг неидентификуван машки тужител, тврдат дека биле злоупотребени од Спејси на 14-годишна возраст. Рап прво го откри обвинението на BuzzFeed во 2017 година, а десетици други мажи ги следеа со слични обвинувања за ѕвездата на American Beauty .