Врачување на годинешните признанија „Златен објектив”


Во дворот на кинотечното летно кино „Мирно лето“, денеска на режисерот Коле Манев и на монтажерот Спасе Тасевски ќе им бидат врачени годинешните награди „Златен објектив“,  признанија кои Кинотеката на Република Северна Македонија ги доделува секоја година по повод својот роденден. Манев и Тасевски ќе добијат пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните […]

Пендаровски и Радев на заедничко чествување на Светите браќа Кирил и Методиј


Со посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“, претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев утре заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Двајцата претседатели утре ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј. Тие ги предводат делегациите на двете земји, кои […]

Германскиот државен министер за Европа Михаел Рот во посета на Скопје


Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, денеска ќе допатува во дводневна посета на Северна Македонија. На првиот ден на престојот во Скопје, Рот ќе има средба со неговиот домаќин вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, посетата на Рот доаѓа во пресрет на јунскиот состанок на Советот […]

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Гир на промоција на проектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ во Кавадарци


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска во Кавадарци ќе присуствуваат на промоција на потпроектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ на „Тиквеш вински туризам“. Настанот ќе се одржи пред Винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци, со почеток во 12:30 часот, а потоа и на винската микро-локација Барово. […]

Од Софија најави за деблокирање на европскиот пат на С Македонија


Бугарскиот претседателот Румен Радев вчера во Брисел изјави дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за страт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, додека во исто време од Варшава полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау порача дека за Полска нема дилема оти земјава заслужува да […]

За две недели над 100.000 пријавени за вакцинација, бројот на новозаразени под еден процент од тестираните


Во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk, а бројот на заинтересирани надмина 400.000, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за што поскоро да се стави крај на пандемијата. Од вчера започна и масовна вакцинација во спортската сала […]

Праизведба на музичката драма „Само глас“ на Нина Плавањац во МНТ


На сцената на Македонскиот народен театар вечерва ќе биде одиграна праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац. Претставата „Само глас“ е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот […]

Сончево и топло до 32 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура […]

Од утре почнува исплатата на мајските пензии


Од утре започнува исплатата на мајските пензии за граѓаните кои не користат платежни картички. И овој пат пензиите ќе се делат во четири групи според висината на пензијата. За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 26.05.2021 година (среда), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 27.05.2021 […]

Стефоска на министерска конференција: Културата e движечка сила која ги отвора границите што ги затвори вирусот


Министерката за култура Ирена Стефоска денеска учествуваше на Седмата министерска конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа – Јакнење на културата во функција на одржливиот развој (CoMoCoSEE) која, поради пандемијата, се одржа онлајн. Домаќин на конференцијата беше Министерството за култура и спорт на Република Грција, коe во изминатиот период претседаваше со Советот. […]

Колку дози на вакцина се потребни за да нѐ заштити од Ковид-19?


Додека во соседните земји лицата кои прележале ковид се вакцинираат само со една доза, во С. Македонија се отвора прашањето дали ќе биде потребна и трета доза за имунитет Уште 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” пристигнаа во С. Македонија, каде во тек е масовната имунизација на населението во Скопје, како и на повеќе […]

Столтенберг: Пренасочувањето на летот на Протасевич е „државно киднапирање“


Белгија– Пренасочување на летот на белорускиот опозициски новинар Роман Протасевич и принудувањето на авионот на Рајанер да слета во Минск е „државно киднапирање“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој повика на итно ослободување на Протасевич и неговата девојка Софија Сапега. Столтенберг истакна дека ова прашање ќе се дискутира и на денешниот состанок […]

Утре најспектакуларната „Супер-Месечина“ оваа година


САД– Луѓето на Земјата утре ќе бидат сведоци на најспектакуларната „Супер-Месечина“ оваа година. Тоа ќе се совпадне со делумното затемнување на Земјиниот сателит. „Благодарение на затемнувањето, таа Месечина не само што ќе биде одлична, туку и ‘крвава Месечина’,“ објави американската НАСА. Како што се наведува, тнр. „крвава Месечина“ обично се случува за време на затемнувањето, кога […]

Швајцарски медиум: Во тек се подготовки за самитот Бајден-Путин во Женева


Швајцарија– Во тек се подготовките за „планираниот“ самит на американскиот и рускиот претседател Џо Бајден и Владимир Путин, а швајцарскиот дневен весник „Тагес-Анцајгер“ тврди дека Швајцарија ќе биде домаќин во јуни. Американската мисија веќе пристигна во Женева, тврди швајцарскиот весник, повикувајќи се на „сигурни извори“. На Твитер се појавија пораки во кои се вели дека […]

Националната гарда на САД замина од Капитол, пет месеци по нападот од 6 јануари


САД – За првпат по речиси пет месеци, Капитол во Вашингтон, седиште на Конгресот на САД, не е заштитен од силите на Националната гарда од синоќа, бидејќи опасноста од екстремно десничарско насилство ослабе по нападот на 6 јануари. Бидејќи официјално беше завршена задачата за заштита на Конгресот, последните 2.149 припадници на Гардата, во која првично имаше […]

„Ер Франс“ прекинува времено со летови над Белорусија


Франција– Францускиот авиопревозник Ер Франс соопшти денеска дека ги прекинува „до следна наредба“ летовите во воздушното пространство на Белорусија. „Ер Франс имаше увид со заклучоците на Европскиот совет и ги прекинува до следна наредба летовите на авионите во воздушното пространство на Белорусија“, се вели во соопштение од авиокомпанијата.  И „Луфтханза“ времено ги прекина летовите над […]

Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2020“


Во организација на Македонскиот институт за медиуми денеска ќе се доделат новинарските награди „Никола Младенов 2020“. Ќе бидат доделени три награди во категории, „Нajдобра истражувачка сторија“, „Најиновативен новинарски производ“ и „Најдобра репортерска фотографија“. Наградите се доделуваат традиционално по дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за  унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности […]

ЕБУ: Негативен е тестот за дрога на победниците на Евросонг „Манескин“


Негативен е тестот за дрога на пејачот Дамијано Давид – фронтмен на „Манeскин“, италијанската рок-група која победи на Евровизија, соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ). „По обвинувањата за употреба на дрога во Зелената соба на големото финале на Евровизија во саботата, ЕБУ како што побара италијанската делегација, изврши темелно разгледување на фактите, вклучително и проверка на […]

Неколку улици во Скопје без струја, село Радишани два часа без вода


Без струја денеска од 9 до 13 часот ќе останат корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ од бр.20 до бр.40, корисниците лоцирани во нивната непосредна околина и објектот на ТЦ Олимпико, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Варвара лоцирани на страната кон село Добри Дол. Од Регионалниот центар за управување со […]

Во Тексас најверојатно ќе биде дозволено носење оруже без дозвола


САД– Властите во Тексас одобрија предлог-закон со кој на луѓето од 21 година и повеќе им се дозволува да носат пиштоли без дозвола, или придружна проверка и обука. Откако ќе биде потпишан законот, Тексас ќе биде 19-та држава во САД што дозволува носење оружје без дозвола.Сегашниот државен закон им дозволува на жителите од 21 година или […]