Променливо облачно, нестабилно со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ индексот […]

Чествување во Небрегово: Македонскиот јазик и делото на Конески не може да бидат загрозени


Со манифестацијата „Поетско читање во Небрегово“ , членови на Друштвото на писателите на Македонија во родната куќа на Блаже Конески и  спомен-дом во прилепско Небрегово, со стихови и беседа го чествуваа делото на првиот претседател на ДПМ и негов основач. Соња Стојменска-Елзесер, претседател на ДПМ, рече дека оваа манифестација е во програмата за чествување на […]

Јанша за промените на граници на Балканот: Стратешка цел е регионот да стане дел од ЕУ


Белгија – Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, попладнево одржа прес конференција во Европскиот Парламент на која доби прашање за наводниот словенечки нон пејпер во кој се споменува промена на границите на западниот Балкан. Јанша нагласи дека членството на земјите од западен Балкан треба да биде стратешка цел за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. За […]

АППТ: Закрепнувањето на туризмот ќе почне со гостите од регионот


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од денеска и во наредните неколку дена ја придружува екипата на Радио-телевизија Србија (РТС – „Око магазин“) при нивната тура во Охрид и низ источниот дел на земјава. Агенцијата соопшти дека идејата на екипата е да се стави акцент на источниот и западниот дел на државава при […]

Тиквеш ќе привлекува туристи преку автентични поизолирани сместувачки капацитети, добра храна и вино (видео)


Потпроектот „Развојот на ено-гастрономскиот туризам во Тиквешкиот регион“ на Тиквеш вински туризам е еден од вкупно 58 потпроекти, кои во изминатите четири години се реализираат со поддршка од ЕУ и со средства од Владата. Овие проекти имаат за цел да ги откријат убавините на нашата земја, кои ги има многу, порача вицепремиерот за економски прашања […]

Каролина Гочева со нов албум: Преработки на македонски евергрини со Бојаџиев и Лумановски


Есенва ќе биде готов новиот албум на поп-ѕвездата Каролина Гочева. Станува збор за албум со 11 песни, преработки на најубавите македонски евергрини, во соработка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски. „Многу се радувам што конечно можам да Ви го најавам мојот нов албум – проект на кој заедно со @dukebojadziev и @ismail_lumanovski работевме скоро две […]

Во Косово најавено укинување на полицискиот час и на забраната за забави и веселби


Косово– По видното намалување на бројот на заразени и починати од Ковид-19, косовские власти најавуваат дека од средината на идниот месец ќе ја укинат забраната за одржување веселби и свадби, која беше воведена со цел спречување на ширење на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Асоцијацијата на општините на Косово (АОК), по денешнта средба со […]

Политика: По тест во Северна Македонија, па во Грција


Србија– Мнозинството српски медиуми денеска како главна вест ја соопштија одлуката на македонската влада за ослободувањето од плаќање патарина на коридорот 10 од 15 јуни до 15 август, а „Политика“ излезе со текст за „своевиден медицински туризам“ на српските државјани, со вадењето ПЦР тестови во Северна Македонија за одмор во Грција, јави дописникот на МИА […]

Нови 46 случаи со Ковид-19, 14 починати лица


Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19. Пријавени се вкупно 14 починати лица и 147 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.   Од 46 нови случаи, во Скопје се 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и […]

Антонија Ристовска со нова колекција на венчаници: Во светот на „Алиса во земјата на чудата“ (галерија)


Најновата колекција венчаници од Антонија Ристовска Bride е инспирирана од главниот лик во бајката Алиса во земјата на чудата. Алиса, која е епитом на љубопитноста, фантазијата, на магичниот свет кој можеме да го спознаеме доколку си дозволиме да сонуваме. Алиса, отворена кон нови можности и идеи. Алиса, која не се фокусира на реалниот свет, туку […]

Објавена драмата „Последниот ден на Мисирков“ од Плевнеш


Во рамките на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков –еднодневна драмска сага за животот и смртта на балканскиот лингвистички Моцарт Крсте Петков Мисирков ( 1874-1926) “ од современиот македонски писател Јордан Плевнеш. – Во ова драмско дело, познатиот драмски писател, поет и романсиер, како на филмско […]

Саемот за книга 2021 ќе се одржи од 8 до 14 септември


Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, СЦ Борис Трајковски. Саемот традиционално е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и оваа година ќе биде организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи […]

Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници


Србија– Три песни од покојниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во учебниците на српски јазик за основните училишта во Србија, пишуваат тамошните медиуми. – Тој е важен затоа што е разновиден, а тоа е она со коешто се одликува нашиот драг Ѓоле. Така, тука ја имаме „Девојку са чардаш ногама“ – весела, оптимистична […]

„Flamboyant Blossoms“ – прва модна колекција на новиот македонски бренд Pink Lemonade


Петнасеттината стилски изгледи за пролет и лето зад чијшто дизајн стои нашата позната дизајнерка Стефанија Насеска, го сочинуваат првиот дел од колекцијата со цветни, шарени и впечатливи принтови и бои. Pink Lemonade е името на новиот домашен бренд со моден потпис на македонската дизајнерка Стефанија Насеска, создаден за да биде носен од девојки и жени […]

УЕФА ги тужи Реал, Барселона и Јувентус


Франција– Европската фудбалска асоцијација објави иницирање дисциплинска постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Причината за отворање на случајот е можно кршење на регулаторната рамка на УЕФА, заради проектот Суперлига. Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, за разлика од другите девет клубови основачи на турнирот, не ја напуштија Суперлигата. Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, […]

Насилствата на тест го ставаат повлекувањето на Бајден од жариштата на Блискиот исток


Растечкото насилство и сцените на страдање на цивилното население на тест ја става решеноста на претседателот Џо Бајден да го одалечи фокусот на надворешната политика од жариштата на Блискиот исток и Авганистан и да го намали американското воено присуство во овие региони. Тоа, исто така, налева вода во воденицата на неговите политички противници на домашен […]

Полска организира лотарија за да ги охрабри граѓаните да се вакцинираат


Полска– Во Полска се организира лотарија со добивка до еден милион злоти (274.000 американски долари) за да ги охрабри луѓето да се вакцинираат против Ковид-19, изјави синоќа министерот за имунизација Михал Дворчик, јави ДПА. Според него, речиси 69 проценти од полските граѓани се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат, но најголемиот проблем е да се […]

Во Франција зголемен број на хакерски напади врз болниците во пандемијата со Ковид-19


Франција – Во Франција,  голем број јавни болници имаат сериозно нарушување на работењето откако беа мета на хакери за откуп, од почетокот на епидемијата со Ковид-19 во Европа на почетокот на 2020 година. Според францускиот министер за дигитално општество, Седрик О, 27 болници биле под некаква форма на кибер напад минатата година, вклучително и рансомвер, […]

Друштвото на писатели во Небрегово ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески


Пред спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија, денеска ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на овој великан на нашата книжевност. Манифестацијата е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од неговото раѓање, што се реализира под покровителство на претседателот […]

Премиера на „Игри на животот“ во Националната опера и балет


Во Националната опера и балет вечерва ќе се одржи премиерната изведба на музичко-сценското дело „Игри на животот“. Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша… кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле […]