Премиера на „Игри на животот“ во Националната опера и балет


Фото: Б. Грданоски

Во Националната опера и балет вечерва ќе се одржи премиерната изведба на музичко-сценското дело „Игри на животот“.

Главната тема-идеја на проектот е Љубовта, прикажана низ делата на Хендел, Бах, Персел, Рамо. Споени во една приказна Кралицата Шиба, Кралицата самовила, Осман Паша… кои низ своите приказни ни покажуваат како војувале за љубов, се одмаздувале и љубеле безусловно, помирувајќи се со загуба на љубената и по цена на својот живот.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на на заштитна маска.

Идејата на ова изведба е на Татијана Петрушевска, а диригенти е Иван Еминовиќ, односно режисер: Љупка Јакимовска.