Триумф на „Номадленд“ на Оскарите: Најдобар филм, режија и главна женска улога


Најдобра режисерка е Клои Жао, најдобра актерка е Френсис Мекдорманд, а најдобар актер е Ентони Хопкинс САД– „„Номадленд“ на Клои Жао триумфираше синоќа на доделувањето на 93. Оскари во Лос Анџелес кои заради Ковид беа поинакви, но гламурозни и возбудливи. „Номадленд“ е прогласен за најдобар филм, а Жао за „Номадленд“ го освои Оскарот за најдобра […]

Шекеринска и Брнз во посета на армискиот полигон „Криволак“


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска, во армискиот полигон „Криволак“ ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“. Како што соопштија од […]

Истекуваат рестриктивните мерки, од анализата на епидемилошката состојба ќе произлезат нови


Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19 истекуваат утре, а се очекува денеска Комисијата за заразни болести да ја анализира епидемиолошката состојба по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници. Во случај […]

Интерпелацијата за министерот Спасовски на дневен ред во Собранието


Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 39-тата седница на која се останати уште 24 точки на дневен ред меѓу кои како последна е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Интерпелацијата во Собранието е примена на 24 […]

Почна Страстната седмица пред Велигден


За православните христијани денеска почна Страстната – Страдалната седмица, последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден. Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание. На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на […]

Денот сончев, а вечер дожд и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, попладне повремено со значителна облачност. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне […]

Фановите примија 70.000 дози од “поп-вакцината” на Дац и Александар за 24 часа


Преку 70 илјади прегледи донесе новиот хит на распеаното дуо, Драган Спасов Дац и Александар Митевски наречен “Вакцина”. Тие изненадија со нов кавер на светски познатата “Марина” од Роко Граната и ја обликуваа во химна за масовна вакцинација со позитивна енергија заедно со нивните пријатели и специјалниот гостин Денис Јанкуловски Космонаутко. Песната е веќе хит […]

Вечерва се доделуваат Оскарите, филмска ноќ која испишува историја


Миланка Рашиќ,  ТВ автор и продуцент, и оваа година ќе биде коментатор на доделувањето на филмските награди Оскар, во ексклузивниот директен пренос на Телма. Вечерва програмата “Ноќ на Оскарите“ ќе започне во 22:15 на ТВ Телма со филмот Оскаровец „Зелената книга“, во 00:30 започнува преносот од Црвената патека, а во 02 часот е почетокот на 93-те […]

Модниот свет во шок- од Ковид почина славниот дизајнер Албер Елбаз


Франција- Модниот свет е во шок- по веста дека од компликации на коронавирус почина славниот дизајнер Албер Елбаз (59) ,познат по работата кај Ив Сен-Лоран и Ланвин. Роден во Мароко, растел во Израел, а се школувал во Франција. Како пренесуваат, тој починал во една париска болница, а веста ја потврдиле од компанијата „Richemont“ со која […]

Спомен-куќата на Тоше во Крушево е најпосетуван музеј во регионот


Спомен-куќата „Тодор Проески“, на Гумење во Крушево, за десет години ја посетиле преку 700 000 гости Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево денеска одбележува 10 години откако е отворена за посетители, за обожаватели и за гости во чест на голема музичка ѕвезда. На 25 април 2011 година е отворен овој импозантен музеј, Спомен […]

Грција се подготвува за пречек на туристите


По 15 мај сите вакцинирани или со негативен корона-тест се повторно добредојдени во Грција. Во борбата против ковид владата во Атина се надева и на убаво време По шест долги месеци карантин конечно дојде време за отворање: Грција се отвора според план во три чекори кој премиерот Кирјакос Мицотакис го претстави во телевизиски говор на […]

Филипче: Следат празници и убаво време, да не се групираме и да ги почитуваме мерките за заштита


Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати. Сепак, искуството ни покажа дека таа многу брзо може да се дестабилизира доколку не се почитуваат мерките. Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита, објави на својот фејсбук […]

Хрватскиот писател Свен Поповиќ на книжевна резиденција во Скопје


Писателот  од  Хрватска  Свен  Поповиќ моментално  е  на  книжевна  резиденција  во Скопје.  Резиденцијата  се реализира  во  рамки  на  проектот  „Читајќи  го  Балканот“, кој е поддржан  од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги „Традуки“. Во  рамки  на  престојот,  Свен  Поповиќ  се  запознава  со  книжевната сцена  во нашата  земја […]

Скопје доби нов мурал во чест на големиот холандски уметник Карел Апел


Скопје доби уште еден мурал, мурал подарок во чест на големиот холандски уметник Карел Апел, насликан на домот на културата „Кочо Рацин“, чиј автор е уметникот Дени Румбл. Подарокот е од амбасадата на Холандија во Македонија, која годинава ја одбележува 100-годишнината од раѓањето на Карел Апел, од чие дело бил инспириран Дени Румбл во создавањето […]

На 81 години почина Милва, легендарната италијанска пејачка на „Бела чао“


Италија- Италијанската пејачка Марија Илва Бјокати, попозната како Милва, почина на 81-годишна возраст, јавија италијанските медиуми повикувајќи се на нејзиното семејство. Милва која боледуваше подолго време, почина вчера во Милано, изјавила нејзината ќерка за агенцијата Анса. Таа ги интерпретираше некои од најуспешните песни во текот на 1960-те и 1970-те години, а со својата црвенкаста коса беше позната многу […]

Оскар


ЛЕЈЛА САБИТ Животот не е филм ама сите живееме во некој филм. На секој му се случува сапуница или трилер, комедија или трагедија во вистинскиот живот. Јавно, зад затворени врати, очекувано, неочекувано, цивилизирано, со трауми, со насмевка или со солзи. Во животот како и во филмот некој само снима, некој глуми, некој парадира, некој режира, […]

Џулија Робертс со заразната насмевка е новото лице на Шопард за луксузен накит и часовници


САД- Шопард знае сè за блескавите дијаманти. Затоа, брендот на луксузен накит побара помош од легендарната актерка Џулија Робертс (53) , чија славна насмевка само го персонифицира мотото на компанијата „”Joie de Vivre” („бујно уживање во животот“) за неговото последно лансирање. Робертс беше прогласена за ново лице на легендарната колекција „Шопард“ на почетокот на оваа […]

На инфективните оддели има 1528 пациенти пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 42 хоспитализирани


Вкупно 1528 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 550 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

Истражување: Децата зачнати по катастрофата во Чернобил немаат ДНК мутации


САД– Децата чии родители беа изложени на радијација од Чернобил немаат голем број на ДНК мутации, покажуваат резултатите од новото истражување, изјави Стивен Ченок од Националниот институт за карцином на САД. Ченок наведе дека во истражувањето биле вклучени 130 семејства и се споредувала ДНК на родителите кои беа изложени на радијација во Чернобил во 1986 […]

ОЈО: Извршен претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на истрагата против четири лица, за кои постои основано сомнение дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување, изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери, потврдуват од […]