Спектакуларно шоу за крај: Шест легендарни победници на Евросонг ќе пеат на финалето


Холандија– Шест легендарни поранешни победници ќе бидат повторно во центарот на вниманието за време на 65. Евросонг. Лени Кур (1969), Teach-In (со Гети Касперс, 1975), Сандра Ким (1986), Хелена Папаризу (2005), Лорди (2006) и Монс Зелмерлов (2015) ќе пеат за време на паузата за гласање утре на финалето во арената Ахој.

„Изборот на песна на Евровизија се врати по едногодишно отсуство. Доволно причина да го почестиме милионскиот аудиториум ширум светот со уникатни настапи. Победниците ќе ја изведат својата песна од три уникатни локации во центарот на  Ротердам. Покривите на Маасило, Хотел Њујорк и Депото Бојманс Ван Беунинген ќе се трансформираат во бина. Шоуто е насловено ‘Rock the Roof’ со причина. Со буквално снимање на големи височини, ние сакаме да ја изненадиме Европа креативно и визуелно. Секој кадар од овој град е хит. Ротердам наскоро нема да биде заборавен “, велат организаторите. (ЕБУ)