Евросонг се враќа во Италија по 31 година: На што нè научи финалето 2021?


„Отвори се“ (Open up) беше слоганот на годинешното натпреварување и за многумина кои излегоа од блокадите, ова спектакуларно шоу навистина  е нов почеток

Евровизија 2021 сигурно ќе влезе во историските книги. Не само поради победата на Италија, туку и затоа што ова беше најголемиот забавен настан во живо во Европа од почетокот на пандемијата.

Холандија, чија доверба беше нарушена поради лошото управување со пандемијата, заврши одлична работа во организирањето на настанот. Шоуто во Ахој Арената покажа поглед на животот каков што го знаевме и иднина каде што вирусот може да биде под некаква форма на контрола. Тука луѓето танцуваа, навиваа, пиеја и се тапшаа по рамото.

Евровизија за некои не е голема работа, но ја слави културната разновидност на Европа. Да, Германија имаше настап како од цртан филм, а Финска претстави хеви метал бенд; Кипар ја „симна“ Леди Гага, Малта-Лизо. Британците никогаш не добиваат поени, а источноевропските земји обожаваат додатоци за коса и светкави фустани. Но, синоќа во Ротердам, ништо од тоа навистина не беше важно.

„Отвори се“ (Open up) беше слоганот на годинешното натпреварување и за многумина кои излегоа од блокадите, ова спектакуларно шоу навистина  е нов почеток.

За време на победничката прес-конференција, пејачот на Манескин, Дамиано Давид, беше прашан од шведски репортер дали користел кокаин за време на евровизиското шоу. Дамијано рече дека не користел дрога.

Членовите на Манескин велат дека се среќни што ја вратија Евровизија во Италија по 31 година, „особено по оваа напорна година“.

Евровизија 2021 година беше смел експеримент за надминување на коронавирусот – но стануваше збор за повеќе од тоа. Што друго ни кажа?

Rock ’n’ Roll не е мртов – барем во Европа

Победата на Манескин со „Zitti E Buoni“, песна исполнета со обоени редови и текстови за пушењето, не беше единствениот знак за воскреснување на рокот. Финска со „Blind Channel“  се најде на шестото место со лутата ну-метал песна наречена „Dark Side“, додека The Black Mamba, претставувајќи ја Португалија, се најде на 12-тото место со „Love Is On My Side“, парче класична рок-музика од 1970-тите.

Францускиот јазик може да биде следниот јазик за освојување на глобалниот поп

Последните неколку години, поп-шпанскиот јазик се искачи на американските и на европските поп-листи благодарение на актите како Bad Bunny, Rosalía и C. Tangana. Дали е сега часот за француски? Синоќа, Барбара Прави се искачи на второто место за Франција со „Voila“ – традиционално парче шансона што многу критичари го споредуваа со песните на Едит Пјаф. Третото место го освоија швајцарските Gjon’s Tears со „Tout l’Univers“, исто така на француски јазик.

Европа ја мрази Велика Британија. (И Германија. Но, малку помалку.)

Џејмс Њуман од Велика Британија, го претрпе најголемиот срам во текот на ноќта – не доби поени од судиите, ниту од јавноста. Тоа е првпат Велика Британија да заврши со нула од 2003 година. Дали може да има некаква врска со заминувањето на Велика Британија од Европската унија?

Но, исто така, можеби не. Германија, доминантна сила во европската политика, – доби само три гласа синоќа, освојувајќи го претпоследното место . Шпанија освои само шест гласа; Холандија, 11.

Евровизија го има најголемиот систем на гласање во светот

Процесот на гласање за Евровизија трае со часови, вклучува жири распространети низ 39 нации – некои никаде во близина на Европа, како Австралија – како и одделно гласање од јавноста. Но, синоќа, гласовите на телеволтингот, односно публиката беа пресудни. Како што беа објавувани гласовите, водството се менуваше неколку пати помеѓу јавувањата, со тоа што Франција и Швајцарија се чинеше дека најверојатно се победници, пред Исланд да влезе во игра, како и Украина. Италија победи со огромна поддршка од јавноста. Можеби е комплицирано, но можеби и други големи церемонии на доделување на наградите, како Греми наградите, треба да размислат за усвојување вакви системи и вклучување на јавноста, исто така.(Њујорк тајмс)