Во Сирија соборен воен авион


Сириските бунтовници денеска соборија воен авиион во провинцијата Хама, при што загина пилотот, сооопшти сириската армија. Провинцијата Хама беше под интензивни воздушни напади на руските и сириските сили за време на граѓанската војна во Сирија. Според очевидците повеќе десетици цивили се убиени при бомбардирањето на градови оддалечени од линијата на фронтот во изминатите неколку недели.

Блиска средба на британски и на руски воен брод


Кралската флота денеска информираше дека на Божиќ британската фрегата Свети Албанс интервенирала во Северното Море за да ја принуди руската фрегата Адмирал Горшков да се повлече од британските територијални води. „Ние нема да се поколебаме во одбраната на нашите води и нема да толерираме било каков вид на агресија“, изјави денеска британскиот секретар за одбрана …

Блиска средба на британски и на руски воен брод Read More »

Антиќ му подари дрес на премиерот


Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ при што доби дрес од Фенербахче, со кој во мај годинава стана европски шампион. „Кошарката во Македонија ќе оди напред. Му благодарам на Антиќ што препознава дека спортот го враќаме на спортските работници и среќен сум што се создаваат можности тој да помогне …

Антиќ му подари дрес на премиерот Read More »

Заев: Опозицијата да учествува во реформите


Премиерот Зоран Заев очекува опозицијата да учествува во реформските процеси во земјава, соопштија од Владата по денешната средба на предводниците на власта и на опозицијата. Час и половина траеше разговорот меѓу Заев и Христијан Мицкоски. „Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. …

Заев: Опозицијата да учествува во реформите Read More »

ВМРО – ДПМНЕ денес ќе каже дали ќе се врати во Собранието


Час и половина траеше вчерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Лидерот на опозицијата реќе дека било разговарано за повеќе теми, при што двајцата имале различни ставови, но оти ваквите средби се  конструктивни и очекува да ги има повеќе во наредниот период. Мицкоски рече дека партијата вечерва ќе …

ВМРО – ДПМНЕ денес ќе каже дали ќе се врати во Собранието Read More »

Димовски веќе не е прв вмровец во Собранието


Долгогодишното заштитно лице на пиар-стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, го презеде првиот чекор по доаѓањето на Христијан Мицкоски на чело на партијата. Имајќи предвид дека не се согласуваше со начинот на кој беше организиран конгресот во Валандово и дека јавно застана зад обвинувањата дека Никола Груевски ја користи целата партиска машинерија за да му помогне …

Димовски веќе не е прв вмровец во Собранието Read More »

ВМРО-ДПМНЕ на крстосница


Иако очекуван, изборот на Христијан Мицкоски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја става најголемата опозициска партија на крстопат меѓу посакуваното обединување и поход кон власта и реалното незадоволство и фракционерство на дел од поранешните и актуелните функционери. Конгресот во Валандово, а уште повеќе реакциите по него, ја доловија сликата дека ерата после Никола Груевски ќе биде …

ВМРО-ДПМНЕ на крстосница Read More »

Дали анонимниот ќе го засени незаменливиот?


Кога кон крајот на септември 2016 година на чело на ЕЛЕМ беше поставен професорот од Машинскиот факултет, Христијан Мицкоски, никој не можеше ниту да претпостави дека петнаесетина месеци подоцна ќе го наследи „незаменливиот“ Никола Груевски на челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Анонимен за поголемиот дел од членството и неприфатлив за радикалниот дел, сталожениот и умерен доктор …

Дали анонимниот ќе го засени незаменливиот? Read More »

Мицкоски: Јас имам план


Христијан Мицкоски ќе биде единствен сериозен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Валандово, закажан за утре и за задутре. Од партијата велат дека до нив стигнале две кандидатури, без да ги соопштат имињата. Нашите информации говорат дека единствено Мицкоски го испочитувал предвидениот рок за пријавување до 15 часот, но, поради страв од реакции …

Мицкоски: Јас имам план Read More »

ВМРО – ДПМНЕ сега бара противкандидат за Мицкоски


До 15 часот во ВМРО – ДПМНЕ пристигнале две кандидатури за претседател, соопштија од партијата. Нивните имиња не се соопштуваат. Извесно е дека едниот од нив е Христијан Мицкоски, кој важи за апсолутен фаворит и кој, според нашите информации, поднел кандидатура во предвидениот рок. Сепак, имајќи ги предвид можните реакции на јавноста доколку во најголемата опозициска …

ВМРО – ДПМНЕ сега бара противкандидат за Мицкоски Read More »

Мицкоски единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ


Христијан Мицкоски ќе биде единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ на конгресот во Валандово, закажан за утре и за задутре. Само генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, како што дознаваме, денеска до 15 часот поднел кандидатура до седиштето на партијата. Останатите потенцијални наследници на Никола Груевски, чии имиња се споменуваа во јавноста, одбија …

Мицкоски единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ Read More »

Конгрес ќе има, Мицкоски нов лидер на ВМРО – ДПМНЕ


ВМРО – ДПМНЕ, сепак, ќе го одржи вонредниот конгрес во Валандово, закажан за утре и за задутре. Веќе во сабота се очекува Христијан Мицкоски да стане наследник на Никола Груевски. Тоа е заклучокот по вчерашната седница на Извршниот комитет, на која се решаваше по писмото што поранешни и актуелни функционери на ВМРО – ДПМНЕ го …

Конгрес ќе има, Мицкоски нов лидер на ВМРО – ДПМНЕ Read More »

Ракометар на Вардар излета од патот со својот автомобил


Ден откако беше прогласен за најдобар спортист на Црна Гора, Вуко Борозан доживеа пех – имаше сообраќајна несреќа и доведено е во прашање неговиот настап на престојното Европско првенство во Хрватска. Како што пренесуваат медиумите во Подгорица, до несреќата дошло кога 23-годишниот ракометар на Вардар во близина на родното Цетиње изгубил контрола врз својот автомобил …

Ракометар на Вардар излета од патот со својот автомобил Read More »

Интервју со Филип Петровски: Нема ни „ф“ од фер битка


Писмото што поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ го испратија до извршниот комитет на партијата стигна и до јавноста. Што точно се случува на терен, што ги изреволтира толку? – На терен имаме една буквална пресметка, односно невидена злоупотреба на сите партиски ресурси, на името на Груевски и на името на уште некои негови блиски …

Интервју со Филип Петровски: Нема ни „ф“ од фер битка Read More »

Самсоненко: Останувам во Вардар и во Македонија


Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко ги „закопа секирите“ со новата власт и дефинитивно останува во Македонија. Газдата на европскиот машки ракометен шампион, женскиот ракометен вицешампион и македонскиот фудбалски шампион, и наредната година ќе ги финансира трите секции на Вардар, потврдуваат неговите најблиски соработници за „Независен весник“. Тој не планира да се вмешува во политика. Бизнисот и …

Самсоненко: Останувам во Вардар и во Македонија Read More »

Вмровците против притисоците Мицкоски да го наследи Груевски


Зголемување на делегатите на Конгресот од 544 на 5.000 делегати, одлагање на Конгресот во Валандово и закажување на нов во февруари наредната година, колективно Претседателство од три до пет члена, забрана на користење на партиската инфрастуктура за поединци, возможност на делегатите да ја пријават секоја принуда или закана, и забрана на функционери да ја користат …

Вмровците против притисоците Мицкоски да го наследи Груевски Read More »

Странци ќе го контролираат македонското „големо уво“


И меѓународни експерти ќе го контролираат прислушувањето во земјава. Поучени од двата скандали со злоупотреби на приватните разговори на граѓаните, надзорот и контролата на службите ќе бидат засилени, најавуваат стручните лица што работеа на предлог-законските решенија за реформите во безбедносните и разузнавачки служби според приоритети во извештајот на европскиот експерт Рајнхарт Прибе. Граѓанскиот сектор, пак, …

Странци ќе го контролираат македонското „големо уво“ Read More »

Груевски: СЈО призна дека „бомбите“ се монтирани


Експремиерот Никола Груевски денеска утврди дека Специјалното јавно обвинителство потврдило оти прислушуваните разговори се монтирани. Обвини дека против него се врши прогон, па неделно му се закажуваат и по четири судења, а тоа против Зоран Заев не може да почне две години. Изјавите ги даде пред Кривичниот суд во Скопје каде требаше да се одржат …

Груевски: СЈО призна дека „бомбите“ се монтирани Read More »

ОТА на местото на УБК


Управата за безбедност и контраразузнавање, Царинската управа, Финансиската полиција, Агенцијата за разузнавање за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана ја губат привилегијата да ги прислушуваат граѓаните преку мобилните оператори. Таа можност ексклузивно ќе ѝ припадне на новата оперативно-техничка агенција (ОТА), која ќе се формира со договор меѓу политичките партии во земјава. Ова е …

ОТА на местото на УБК Read More »

Петровски бара да престанат притисоците за Мицковски


Околу Конгресот отприлика вака стојат работите: Членството е многу револтирано. Доколку не престанат притисоците ќе мора да реагирам порадикално“, напиша Филип Петровски на својата страница на „Фејсбук“, под која е закачена фотографија со обвинување од сопартиец кој тврди дека „врвот на партијата дека врши притисок до делегатите за подршка на Хрстијан Мицковски“ за наследник на …

Петровски бара да престанат притисоците за Мицковски Read More »