Заев: Опозицијата да учествува во реформите


Премиерот Зоран Заев очекува опозицијата да учествува во реформските процеси во земјава, соопштија од Владата по денешната средба на предводниците на власта и на опозицијата. Час и половина траеше разговорот меѓу Заев и Христијан Мицкоски.

„Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници.

Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата“, велат од Владата.

Претходно, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ рече дека било разговарано за повеќе теми, при што двајцата имале различни ставови, но оти ваквите средби се  конструктивни и очекува да ги има повеќе во наредниот период. Мицкоски рече дека партијата вечерва ќе се координира и утре ќе соопшти дали ќе се врати во Собранието. Покрај тоа, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ најави и промена во политичката реторика и оти тоа ќе биде забележливо.