Антиќ му подари дрес на премиерот


Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ при што доби дрес од Фенербахче, со кој во мај годинава стана европски шампион.

„Кошарката во Македонија ќе оди напред. Му благодарам на Антиќ што препознава дека спортот го враќаме на спортските работници и среќен сум што се создаваат можности тој да помогне во развојот на домашниот спорт. Му благодарам и за дресот од Фенербахче со којшто тој и клубот ја освоија Евролигата“, се пофали Заев на својата „Фејсбук“ страница.