За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор


Напуштање на домашно милениче, домашно или диво животно се пријавува во полиција или во општинското правобранителство. Казната е до една година затвор или до две, ако напуштањето предизвикало смрт на животното или биле напуштени поголем број животни. Казните за кривичното дело убивање и мачење животни се зголемуваат до затворска казна до две години или до …

За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор Read More »

Осум загинати во сообраќајка во Албанија, бегајќи од полицијата паднале во река


Осум лица загинаа утрово во Албанија во сообраќајна несреќа што се случи кога возило полно со мигранти се обиде да ѝ побегне на полицијата. Седум од загинатите се мигранти, а осмиот возач на возилото, по националност Албанец. Возачот изгубил контрола над возилото кај Пермет, на неколку километри од границата со Грција и истото паднало во …

Осум загинати во сообраќајка во Албанија, бегајќи од полицијата паднале во река Read More »

Научниците со рекорд: 48 секунди одржаа температура од 100 милиони степени


Научници во Јужна Кореја успеаја за време на експеримент со нуклеарна фузија, да го соборат рекордот во одржување на температура од 100 милиони Целзиусови степени, седум пати потопла од јадрото на Сонцето. Тие велат дека ова е важен чекор за развој на технологија која треба да овозможи комерцијална употреба на фузијата. Нуклеарната фузија се обидува …

Научниците со рекорд: 48 секунди одржаа температура од 100 милиони степени Read More »

Брнабиќ: Прифативме две од трите барања на опозицијата


Првиот колегиум на српскиот Парламент посветен на препораките на ОДИХР за изборите заврши вчера без договор, а опозицијата постави три услови за подобрување на изборите да бидат фер – комисија за избирачки списоци, средени медиуми и одржување на сите локални избори во ист ден. Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ изјави дека се прифатени две барања …

Брнабиќ: Прифативме две од трите барања на опозицијата Read More »

Пукање во училиште во Финска: Има повредени


Неколку лица се повредени во пукање во училиште во Финска утрово. Осомничениот е уапсен во брза полициска акција, се наведува во соопштението на финската полиција. „Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да се држат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите да не се отвораат за непознати лица“, се …

Пукање во училиште во Финска: Има повредени Read More »

Педро Санчез најави голема одлука, Шпанија ќе ја признае државата Палестина до јули


Премиерот на Шпанија Педро Санчез најави дека оваа земја наскоро ќе донесе важна одлука за признавање на државата Палестина. Оваа информација Санчез ја сподели со медиумите за време на турнејата на Блискиот Исток и нагласи дека Шпанија ќе донесе одлука до јули. „Санчез очекува Шпанија до јули да ја признае Палестина како држава и додаде …

Педро Санчез најави голема одлука, Шпанија ќе ја признае државата Палестина до јули Read More »

Како изгледа имотот на Орбан недалеку од Будимпешта: Реконструкција ќе чини 30 милиони евра


Резиденцијата и имотот на Виктор Орбан во градот Хатванпушт, недалеку од Будимпешта, го привлекуваат вниманието на медиумите повеќе од една деценија, а новото видео покажа како Орбан значително го проширил овој луксузен комплекс. Снимките од дрон снимени од унгарските медиуми покажаа, како што посочуваат, неколку интересни и нови работи на имотот. Во меѓувреме, Орбан изгради …

Како изгледа имотот на Орбан недалеку од Будимпешта: Реконструкција ќе чини 30 милиони евра Read More »

Турски опозиционер загина при пад на балкон на прославата на изборната победа


Членот на турската опозициска Републиканска народна партија Мехмет Палаз почина денеска во болница откако беше тешко повреден кога се урна балкон од седиштето на партијата во областа Тавас во турската провинција Денизли за време на прославата на победата на партијата на локалните избори. Палаз, кој се здоби со повреда на главата и беше во животна …

Турски опозиционер загина при пад на балкон на прославата на изборната победа Read More »

Австриски научници работат на нови начини за рециклирање батерии


Австрискиот институт за технологија (АИТ) во Виена работи на развој на својата најнова иновација – батерии што може да се рециклираат. Во борбата за поодржлива иднина, АИТ, инаку познат по своите слични иновации, сега се занимава со обмислување батерии од рециклирани материјали. На овој амбициозен проект работат 35 истражувачи. Целта е јасна – да се …

Австриски научници работат на нови начини за рециклирање батерии Read More »

Во Хаг денеска почнува конференција за воените злосторства во конфликтот во Украина


По повеќе од две години од почетокот на руската агресија врз Украина, европските министри и меѓународни истражители денеска во Хаг ќе разговараат за напредокот во гонењето на воените злосторства во оваа земја, јави ДПА. Украина, нејзините сојузници и Европската комисија сакаат да се погрижат осомничените за воени злосторства да бидат изведени пред лицето на правдата. …

Во Хаг денеска почнува конференција за воените злосторства во конфликтот во Украина Read More »

Роналдо по четврти пат сезонава е играч на месецот во првенството на Саудиска Арабија


Кристијано Роналдо е прогласен за играч на месец март во фудбалското првенство на Саудиска Арабија. Минатиот месец Португалецот учествуваше во два натпревари на Ал-Наср во првенството на Саудиска Арабија. На натпреварот со Ал Раед (1:3), Роналдо одигра 90 минути и не постигна гол, а на натпреварот против Ал-Таи (5:1), беше творец на хет-трик. Ова е …

Роналдо по четврти пат сезонава е играч на месецот во првенството на Саудиска Арабија Read More »

Белорусија одржува воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина


Белорусија денеска почна воени вежби во регионите што  граничат со Украина и две земји од Европската унија – Литванија и Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана, пренесоа британските медиуми. Тридневните вежби во регионите Гомел и Гродно имаат за цел да ги обучат офицерите и војниците на територијалната одбрана како да ги заштитат соодветните региони и …

Белорусија одржува воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина Read More »

Пет жртви во силни ветрови во Полска


Пет лица загинаа денеска во планините Татра на југот на Полска, погодени од дрвја кои биле искорнати од силен ветер со брзина до 155 километри на час. Во градот Рабка-Здрој двајца возрасни и едно дете загинаа откако врз нив паднало дрво, соопшти локалната противпожарна служба. Една 23-годишна жена и деветгодишно момче загинаа во слични околности …

Пет жртви во силни ветрови во Полска Read More »

Уапсен полицаец кој со нож бркал сограѓани во Крушево


Попладнево во Крушево било приведено лице кое се заканувало, а потоа и со нож бркало неколку лица кои вршеле физичка работа во близина на неговата куќа. Лицето кое вооружено со нож бркал луѓе низ Крушево е вработено во МВР и било задржано во полициска станица. За настанот информираше и Министерството за внатрешни работи. Во полицискиот …

Уапсен полицаец кој со нож бркал сограѓани во Крушево Read More »

Скопјани маскирани прошетаа во сопствена режија – Градот ништо не организира


Речиси традиционално стана во Скопје за 1 Април – Денот на шегата плоштадот да биде полн со маскирани деца, а луѓето да се расположат со музика.  Но, годинава, тоа отсуствуваше. Оние кои маскирани се прошетаа низ плоштадот „Македонија“ тоа го направија по навика. Како што ја преспа Нова година, така градоначалничката Данела Арсовска го преспа …

Скопјани маскирани прошетаа во сопствена режија – Градот ништо не организира Read More »

Мијалков ќе излезе условно од затвор четири месеци порано


  Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на директорот на КПД „Струга“ за условен отпуст на осудениот Сашо Мијалков, по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го уважи предлогот на директорот на казнено-поправната установа. „Согласно решението, осудениот …

Мијалков ќе излезе условно од затвор четири месеци порано Read More »

Пукано во автомобилот на градоначалникот на Арачиново -двајца ранети


  Две лица се повредени во пукање со огнено оружје попладнево во Арачиново, јавуваат повеќе медиуми попладнево, а веста за некои медиуми ја потврдил и министерот за внатрешни, Панче Топковски. Во пукањето, наводно бил повреден возачот на градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, но според информации ранет е и градоначалникот Ибраими. Од МВР засега нема …

Пукано во автомобилот на градоначалникот на Арачиново -двајца ранети Read More »

МОН демантира дека дигиталните учебници не се користат како што тврди ВМРО-ДПМНЕ


Министерството за образование и наука најостро ги демантира шпекулациите, неточностите и наводите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во однос на електронските учебници, за кои од опозицијата рекоа дека пред избори се потпишал уште еден договор за набавка. – Интерактивните дигитални учебници се составен дел од Концепцијата за основно образование и програмата за основно образование, поддржана …

МОН демантира дека дигиталните учебници не се користат како што тврди ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Дизелот поевтин – бензинот поскап


Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинството од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за половина денар по литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се …

Дизелот поевтин – бензинот поскап Read More »