Уапсен полицаец кој со нож бркал сограѓани во Крушево


Попладнево во Крушево било приведено лице кое се заканувало, а потоа и со нож бркало неколку лица кои вршеле физичка работа во близина на неговата куќа.

Лицето кое вооружено со нож бркал луѓе низ Крушево е вработено во МВР и било задржано во полициска станица.

За настанот информираше и Министерството за внатрешни работи. Во полицискиот билтен стои:

На 31.03.2024 околу 17.50 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.А.(51) од Крушево затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево. А.А. е задржан во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.