Пукано во автомобилот на градоначалникот на Арачиново -двајца ранети


 

Две лица се повредени во пукање со огнено оружје попладнево во Арачиново, јавуваат повеќе медиуми попладнево, а веста за некои медиуми ја потврдил и министерот за внатрешни, Панче Топковски.

Во пукањето, наводно бил повреден возачот на градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, но според информации ранет е и градоначалникот Ибраими.

Од МВР засега нема детали, но според неофицијалните информации, причина за пукањето бил претходен спор за земјиште.

Пред десетина месеци градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими пријавил дека соселанец му се заканувал по животот, по што полицијата го уапси 69-годишниот арачиновец кој ги упатил заканите.