Како изгледа имотот на Орбан недалеку од Будимпешта: Реконструкција ќе чини 30 милиони евра


Резиденцијата и имотот на Виктор Орбан во градот Хатванпушт, недалеку од Будимпешта, го привлекуваат вниманието на медиумите повеќе од една деценија, а новото видео покажа како Орбан значително го проширил овој луксузен комплекс.

Снимките од дрон снимени од унгарските медиуми покажаа, како што посочуваат, неколку интересни и нови работи на имотот.

Во меѓувреме, Орбан изгради неколку згради лоцирани во централниот дел на имотот, вклучително и стаклена градина, чија изградба започна во ноември 2023 година.

„На имотот имаше многу работници. Изброивме 11 автомобили на патот што ги поврзува имотот на Орбан и соседното земјиште во сопственост на унгарскиот милионер Лоринч Мезарош“, пишуваат медиумите.

Исто така, евидентирана е и изградба на некаков хангар, кој најверојатно се користи за складирање на земјоделски култури или машини.

Орбан вложил многу и во безбедноста на имотот, а на приодите кон зградата се паркирани две борбени возила.

Унгарските медиуми претходно пишуваа за имотот на Орбан кој се простира на 13 хектари и нагласија дека Орбан таму ги пречекува членовите на владата, бизнисмените и странските претставници.

Според проценките од 2023 година, реконструкцијата на имотот, изграден уште во 19 век, би можела да чини 30 милиони евра, а земјиштето е заведено на таткото на Орбан.