Пукање во училиште во Финска: Има повредени


Неколку лица се повредени во пукање во училиште во Финска утрово.

Осомничениот е уапсен во брза полициска акција, се наведува во соопштението на финската полиција.

„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да се држат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите да не се отвораат за непознати лица“, се вели во полициското соопштение.

Пукањето се случило во основно училиште во Вантаа, предградие на главниот град Хелсинки, каде учат околу 800 ученици од прво до деветто одделение.