Ковачевски: Денеска е прв чекор пред големата одлука на 8 мај


Ние во текот на изминатите седум години, ја вративме заедно со граѓаните, демократијата во државата. Затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го покажат со бројноста на своето гласање. Ова денеска го истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во изјава за медиуми, откако гласаше за претседател на државата. – Денеска …

Ковачевски: Денеска е прв чекор пред големата одлука на 8 мај Read More »

Таравари: Малиот син првпат гласа – нека бидат фер и демократски изборите


Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во придружба на потесното семејство го оствари правото на глас на избирачкото место во ООУ „Единство-Башкими“ во Гостивар.   – Чест и задоволство е со моето семејство да гласаме, што ни е граѓанска должност. Посебно задоволство е што малиот син првпат гласа оваа година. Мојата порака до …

Таравари: Малиот син првпат гласа – нека бидат фер и демократски изборите Read More »

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни


Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни. Со масовна излезност на изборите заеднички ја определуваме траекторијата по која ќе се движиме, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.   По гласањето на првиот круг од претседателските избори на избирачкото место во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош Мицкоски …

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни Read More »

Димитриевски: Досегашната пракса покажува многу злоупотреби на изборниот процес особено поткуп


Кандидатот за претседател од Движењето ЗНАМ– За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска гласаше и на граѓаните им посака успешни избори и да победи демократијата во Македонија. – Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја …

Димитриевски: Досегашната пракса покажува многу злоупотреби на изборниот процес особено поткуп Read More »

Села: На избори треба да се исполни демократијата


Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села денеска го оствари своето гласачко право на првиот круг под претседателските избори во основното училиште во струшкото село Ливада. – Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата. Тоа е многу важно. Луѓето да се чуствуваат слободни да ја изразуваат својата поддршка за кандидатот за …

Села: На избори треба да се исполни демократијата Read More »

Митрески: Имаме капацитет да организираме избори по европски стандарди


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска, во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга, го искористи своето избирачко право и гласаше во првиот круг за избор на претседател на државата. „Верувам дека изборниот ден денеска ќе помине во најдобар ред како што доликува на една демократска држава. Изминатите изборни циклуси покажавме дека како …

Митрески: Имаме капацитет да организираме избори по европски стандарди Read More »

Јакимовски: Денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател


Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. – Многу сум среќен што денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им …

Јакимовски: Денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател Read More »

Џафери: Учесниците успеале да допрат до волјата на граѓаните


Техничкиот премиер Талат Џафери, оценува дека овие избори се од особено значење особено, бидејќи се избира власт која ќе даде правец во кој земјава ќе оди по изборите. Тој во родното село Форино го исполни своето гласачко право и порача дека денеска граѓаните го користат своето уставно и законско право за слободно изразување на својата …

Џафери: Учесниците успеале да допрат до волјата на граѓаните Read More »

Ванковска: Гласам за себе зошто верувам во тоа што го зборувам


Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје. По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски”, каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе. -Ова е малку необична ситуација …

Ванковска: Гласам за себе зошто верувам во тоа што го зборувам Read More »

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата


Кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ Бујар Османи денеска гласаше во избирачкото место во ОУ „Адем Јашари“ во Општина Чаир. – Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и …

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата Read More »

Кога да почнете со наводнување на тревата и во кој период од денот да го правите тоа?


Ако сакате вашата градина да биде зелена со трева што добро расте – започнете со основните работи, т.е. наводнување. Добриот режим на наводнување бара конзистентност. Ако го правите тоа премногу често, вашата трева ќе биде подложна на штетници. Меѓутоа, ако тоа не го правите доволно често, ќе ја исушите почвата, ќе го пожолтите тревникот и …

Кога да почнете со наводнување на тревата и во кој период од денот да го правите тоа? Read More »

Руски нефункционален сателит за малку ќе се судрел со сателит на НАСА


Количината на вселенски отпад продолжува да расте, а анализата на новите податоци покажува дека ризикот од судир на руски и американски сателит бил поголем отколку што се веруваше. На крајот на февруари, нефункционалниот руски сателит Космос 2221 го „промаши“ сателитот TIMED на НАСА, но помина многу блиску до него. TIMED е оперативен сателит со задача …

Руски нефункционален сателит за малку ќе се судрел со сателит на НАСА Read More »

До 17 часот излезноста е 42,36 отсто


  Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) според податоците од 1.788 избирачки места. Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи,  односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.  Најголема излезеност од 67,19 проценти има …

До 17 часот излезноста е 42,36 отсто Read More »

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба …

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче Read More »

Автобус излета од јадранската магистрала кај Макарска


На јадранската магистрала кај градот Крвавица кај Макарска во 15:45 часот локален автобус излетал од патот, пишува ДалмацијаДанас. Автобусот слетал на 60 метри од патот. Во него бил само возачот, а на местото на несреќата веднаш пристигнале итна медицинска помош и полициски службеници од Сплитско-Далматинската полиција. Возачот е пренесен во болница Возачот е пренесен во …

Автобус излета од јадранската магистрала кај Макарска Read More »

Граѓаните на Венеција протестираат против таксите за влез во градот


Активистите во Венеција организираа протест против напалаќањето за влез во градот од 25 април, и истакнаа дека сакаат поинаква визија за градот која не го става туризмот во преден план. Група за социјални станови ја окупираше зградата на општината во вторникот наутро, истакнувајќи транспаренти со критики за туристичката такса од 5 евра. Жителите на Венеција …

Граѓаните на Венеција протестираат против таксите за влез во градот Read More »

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право


 До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35,89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2.110 избирачки места.  -Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК.  Гласале 614 илјади граѓани. Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти …

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право Read More »

Тевез итно пренесен во болница


Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба. -Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата …

Тевез итно пренесен во болница Read More »

Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто


  Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26, 35 отсто или гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Тоа е 6 отсто повеќе од изборите во 2019,  рече на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Во скопските општини излезноста е околу 32 отсто. Слична …

Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто Read More »

Канада направи исклучок. Дозволи Ербас да набавува титаниум од Русија


Канада ја одобри употребата на титаниум од руско потекло за европскиот производител на авиони Ербас, ослободувајќи го рускиот добавувач од санкции по предупредувањето за можни страшни последици за западниот воздушен простор. Одлуката на Отава ќе овозможи флексибилност на Ербас во производството на авиони во канадските фабрики и ќе ги ублажи стравувањата од проблеми со увозот. …

Канада направи исклучок. Дозволи Ербас да набавува титаниум од Русија Read More »