Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право


Фото: Б. Грданоски

 До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35,89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2.110 избирачки места. 

-Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК. 

Гласале 614 илјади граѓани.

Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11 проценти.

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.