До 17 часот излезноста е 42,36 отсто

Излезноста до 17 часот е за 9 отсто поголема од претходните претседателски избори


Фото: Б. Грданоски

 

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) според податоците од 1.788 избирачки места.

Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи,  односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски. 

Најголема излезеност од 67,19 проценти има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

Овие податоци на Даштевски се поинакви од оние што се прикажани на официјалната веб страница на ДИК. Таму е наведено дека се обработени 97  отсто од гласачките ливчиња, дека излезноста е 42,36 отсто и дека до 17 часот гласале 747 илјади граѓани.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу девет отсто. 

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачоте им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.