Двајца повредени во сообраќајка под Плетвар


Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар. Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување. Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9.50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу …

Двајца повредени во сообраќајка под Плетвар Read More »

Заев: `Платата во плик` е за задржување на квалификувани работници, проблемот ќе го решиме до јули


Практиката дел од вработените да се исплаќаат во готово, според премиерот Зоран Заев е проблем кој планираат да го решат од јули годинава, иако потенцира тоа не е незаконски. „Сите знаеме дека секој дава пари `плата во плик` и тоа не е незаконски дел, бидејќи бизнисмените најголемиот дел од тие пари ги обезбедуваат, си плаќаат …

Заев: `Платата во плик` е за задржување на квалификувани работници, проблемот ќе го решиме до јули Read More »

Вартоломеј: Крвта вода не станува


Ова е наша прва средба по некои непријатности меѓу нас, но тоа е човечко и треба да најдеме сила да ги надминеме и да продолжиме за доброто на црквата, рече Вселенскиот Патријарх Вартоломеј по средбата со грчкиот Архиепископ Јеронимос, потенцирајќи дека „крвта вода не станува“, јави дописничката на МИА од Атина. Вартоломеј и Јеронимос, по …

Вартоломеј: Крвта вода не станува Read More »

Дескоска: Нема веќе злоупотреби на АКМИС системот во судовите


Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека контролата што е направена во шест судови во земјата покажала дека нема злоупотреба на електронскиот систем за доделување на предмети. -Лани извештајот покажа дека во изминатиот период имало бројни нерегуларности и злоупотреба на системот. Годинава комисиите направија контрола на шест судови, а резултатите беа спротивни на тоа …

Дескоска: Нема веќе злоупотреби на АКМИС системот во судовите Read More »

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Кавадарци – Прилеп пред Плетвар


Патниот правец Кавадарци – Прилеп пред преминот Плетвар е затворен за сообраќај поради вршење увид од сообраќајна незгода. Како што соопшти АМСМ, прекинот во одвивањето на сообраќајот е настанат од 11:15 часот.

Нимиц: Се измачив со користењето на „ПЈРМ“, Преспа е врв на мојата кариера


Американскиот дипломат Метју Нимиц кој речиси 25 години посредуваше во спорото за името меѓу Скопје и Атина, во разговор за Дојче веле признава дека до самото потпишување на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, па ни потоа, не бил сигурен дека целата работа ќе се истера до крај. Вели дека денот на потпишувањето не …

Нимиц: Се измачив со користењето на „ПЈРМ“, Преспа е врв на мојата кариера Read More »

Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање


Премиерот Зоран Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање, откако од ДУИ реагираа дека човек што бил дел од безбедносните служби не треба да биде на чело на такви институции. – Јас знам дека претседателот знае понекогаш да ме консултира за одредени прашања. тоа се …

Заев не сака да го коментира назначувањето на Ерол Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање Read More »

Недостигаат специјални кадри за децата со посебни потреби


Во земјава има недостиг на специјални кадри како логопеди, дефектолози, лица за физикална терапија… кои би се грижеле за децата со посебни потреби во училиштата за поголема примена на инклузивно образование, рече заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов на денешната трибина „Предизвици во обезбедувањето на квалитетно и инклузивно образование“, во организација на Демократската …

Недостигаат специјални кадри за децата со посебни потреби Read More »

Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс


Кина бара американската авиокомпанија Боинг да плати надомест поради приземјувањето на авионите 737 Макс. Две од трите водечки кинески државни авиокомпании, Ер Чајна и Чајна Садерн ерлајнс, соопштија дека сакаат да добијат компензации поради приземјените нивни авиони од типот Боинг 737Макс. Третата авиокомпанија, Чајна истерн ерлајнс, објави слично барање минатиот месец. Кина беше меѓу првите …

Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс Read More »

Австрија доби преодна експертска Влада


Новите министри во преодната Влада на Австрија денеска дадоа заклетва, а  на местата, кои останаа испразнети по повлекувањето на членовите од редовите на Слободарска партија (ФПО), сега се наоѓаат експерти. Во новата, преодна австриска Влада, Министерството за одбрана ќе го води воено лице, заменик-началникот на Генералштабот на војската на Австрија, генерал-потполковник Јохан Луиф, кој, инаку, …

Австрија доби преодна експертска Влада Read More »

ПЕР 2020-2022: Приоритети се намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на фирмите и намалување на сивата економија


Реформи во насока на намалување на невработеноста кај младите, подобро поврзување на домашните компании во меѓународните синџири на вредности и намалување на сивата економија, беа дискутирани на панелот на Конференцијата од високо ниво за почеток на подготовката на Програмата за економски реформи 2020-2022, која е дел од дијалогот на земјите од Западен Балкан и Турција …

ПЕР 2020-2022: Приоритети се намалување на невработеноста кај младите, вмрежување на фирмите и намалување на сивата економија Read More »

Албанската опозиција од 25 мај ќе потестира без прекин до 30 јуни


Обединетата албанска опозиција најави дека големиот национален протест закажан за 25 мај ќе биде „долготраен протест“. Членот на Националниот совет на Демократската партија, Александер Биберај, гостувајќи во емисијата „Темпора“ на тиранската телевизија Ора њуз, уште додаде дека протестите ќе има низ целата територија на земјата. -Протестот на 25 мај ќе биде најголемиот протест што некогаш …

Албанската опозиција од 25 мај ќе потестира без прекин до 30 јуни Read More »

Качински: Партијата на Ле Пен е поврзана со Москва


Лидер на полската владејачка партија Право и правда, Јарослав Качински нагласи дека политичките групи во некои земји од Европската унија, меѓу кои и онаа на Марин Ле Пен во Франција, се „очигледно поврзани со Москва и добиваат поддршка од неа “. Качински го тврди тоа во интервју за „Газета полска“. Неговата изјава води до анализи …

Качински: Партијата на Ле Пен е поврзана со Москва Read More »

Поранешните членови на РКЕ на „Балкан енерџи“ незаконски му „донеле“ приход од 6,6 милиони евра


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како Претседател и член на  Регулаторна комисија за енергетика до јуни 2018 година, и членовите на РКЕ С.Ј. (61), В.К. (65), и Е.М.В. (51), до 2017 година поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “злоупотреба на службена …

Поранешните членови на РКЕ на „Балкан енерџи“ незаконски му „донеле“ приход од 6,6 милиони евра Read More »

Пендаровски бара анализа за перформансите на надворешната политика


Претседателот Стево Пендаровски ќе побара од Владата и МНР анализа за сите дипломатско-конзуларни претставништва на земјава во странство и за компетенциите на амбасадорите за да се видат перформансите на надворешната политика. Пендаровски, велат од неговиот кабинет, ја одблокирал и процедурата за агремани за амбасадори која била блокирана од неговиот претходник Ѓорге Иванов.

Оформен новиот кабинет на Пендаровски


Познати се имињата на новите членови на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Имено, Миле Бошњаковски е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, а Билјана Радева е прес-офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров …

Оформен новиот кабинет на Пендаровски Read More »

Новите два национални документа за заштита на природата не го решаваат проблемот со Матка и Охрид


По повод 22 мај – Светскиот ден на биолошка разновидност, денеска во Скопје беа промовирани двата најзначајни национални документа од областа на заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата и Национална стратегија за биолошка разновидност. Настанот е во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Програмата на ООН …

Новите два национални документа за заштита на природата не го решаваат проблемот со Матка и Охрид Read More »

Конференција: Енергијата да се насочи во економските реформи


Северна Македонија го отвора процесот на подготовка на Програмата за економски реформи заедно со ЕУ. Ова е вистинскиот момент да се почнат економските реформи. Земјата е политички стабилна, го реши проблемот со името и сега целата енергија може да ја насочи кон спроведување економски реформи. Ова беше порачано на денешна конференција што се одржа во …

Конференција: Енергијата да се насочи во економските реформи Read More »

ДКСК иницира постапка за екс претседателот на Кривичен, Панчевски, за вработување на неговиот внук


Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси (ДКСК) ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Јавното обвинителство за постоење основано сомневање за злоупотреба на службена должност и овластување за службени и одговорни лица и за Владимир Панчевски, поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје, кои учествувале во постапка за вработување. Имено, како што појаснија …

ДКСК иницира постапка за екс претседателот на Кривичен, Панчевски, за вработување на неговиот внук Read More »

Затворениците во „Шутка“ ќе вежбаат на донирана фитнес опрема


Во соработка со фирмата МСА Компани ДООЕЛ Скопје, согласно склучениот Меморандум за соработка, од страна на претставникот на компанијата Аделаид Крешник, во КПУ Затвор „Скопје“ беше донирана и поставена фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор. – Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно …

Затворениците во „Шутка“ ќе вежбаат на донирана фитнес опрема Read More »