Оформен новиот кабинет на Пендаровски

Познати се имињата на новите членови на Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Имено, Миле Бошњаковски е назначен за генерален секретар или шеф на Кабинетот, а Билјана Радева е прес-офицер, Бљерим Кољари е советник за национална безбедност, Александар Спасов е надворешен советник за внатрешна и надворешна политика, Гоце Карајанов е советник за надворешна политика, Тоше Зафиров е советник, Биљана Мицевска е шефица на протокол, Катерина Цаневска е советничка за медиуми, Љуљјета Адеми е советничка која ќе ја води комуникацијата со лица со посебни потреби.
Надворешни советници се Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи.
Како надворешен соработник бил поканет и Блерим Река, но одбил формален ангажман.
Пендаровски го назначи и Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.
Исто така, претседателот Пендаровски поднесол барање за финансиска ревизија на претходниот кабинет.