Кинески компании бараат Боинг да плати надоместок за приземјувањето на 737 Макс


Кина бара американската авиокомпанија Боинг да плати надомест поради приземјувањето на авионите 737 Макс.

Две од трите водечки кинески државни авиокомпании, Ер Чајна и Чајна Садерн ерлајнс, соопштија дека сакаат да добијат компензации поради приземјените нивни авиони од типот Боинг 737Макс.

Третата авиокомпанија, Чајна истерн ерлајнс, објави слично барање минатиот месец.

Кина беше меѓу првите земји што ги приземји своите 737 Макс авиони во март по падот во Индонезија и во Етиопија, во кои загинаа вкупно 346 лица.

Истражните власти посочија дека за авионските несреќи на моделот 737 Макс е виновен системот за контрола на лет, а Боинг најави дека работи на нов софтвер за да дозволи авионите повторно да летаат.