Уште седуммина возрасни ќе се отселат од „Бања Банско“ во државни станови


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги посети првите деинституционализирани лица од ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“, институција за згрижување лица со физичка попреченост. Двојката, Фанка Динова и Јонче Гогов, од април годинава ја напуштија установата и се преселија во семејната куќа на Фанка, во гевгелиското село Миравци. Обајцата претходно беа сместени …

Уште седуммина возрасни ќе се отселат од „Бања Банско“ во државни станови Read More »

Хан назначен за трет мандат во идната Европска комисија


Сегашниот еврокомесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, беше назначен од австриската Влада за уште еден мандат во идниот состав на Европската комисија. Секоја земја членка на Европската унија именува еден кандидат за еврокомесар кој потоа треба да биде сослушан и потврден од Европскиот Парламент. Австриската канцеларка вчера официјално го номинираше Јоханес Хан за …

Хан назначен за трет мандат во идната Европска комисија Read More »

Во Тирана уапсен руски државјанин учесник во ИД, пристигнал како имигрант


Припаниците на Управата за борба против тероризмот во албанската полиција, во Тирана, уапсија 34-годишен руски државјанин, баран со меѓународна потерница поради „учество во терористичка организација“. -Неговото апсење следуваше по неколку месечна работа во соработка со партнерски агенции на други земји. Уапсеното лице е Р.М. роден и жител на Норилск, Русија. Рускиот државјанин во Албанија пристигнал …

Во Тирана уапсен руски државјанин учесник во ИД, пристигнал како имигрант Read More »

(Галерија) Со жолти балони против узурпација на јавниот простор во Битола


Автомобили паркирани на несоодветни места, по тротоари, на зелени површини, им го земаат местото за поминување на пешаците во Битола. Затоа граѓаните организираа несекојдневна акција, па на сите неправилно паркирани автомобили врзаа жолти балони на кои пишува: „Ова не е паркинг“. Дали нивната порака ќе стигне до надлежните, но и до несовесните возачи, останува времето …

(Галерија) Со жолти балони против узурпација на јавниот простор во Битола Read More »

Невремето ги „обра“ јаболката во Преспа


Стравотна е глетката во Преспанскиот Регион по невремето што во средата вечерта за само половина час предизвика пустош. Град, дожд и силен ветер корнеа дрвја, уништија овоштарници, носеа покриви на куќи и направија штети на плажите во Долна Преспа. Најдраматично завчеравечер било во автокампот Крани, кој по долга зачмаеност пред неколку години беше обновен, а …

Невремето ги „обра“ јаболката во Преспа Read More »

Финското претседателство со ЕУ ќе работи на кредибилна перспектива за проширувањето


Проширувањето претставува стратешка инвестиција за иднината на Европската Унија, стои во програмата на финското претседателство кое започна на први јули. -Финска ќе продолжи да работи на кредибилна перспектива за проширувањето кон Западен Балкан, регион кој има високо стратешка вредност за Европската Унија, смета финското претседателство. Ова е единствениот дел кој се однесува на политиката на …

Финското претседателство со ЕУ ќе работи на кредибилна перспектива за проширувањето Read More »

Никозија бара поостри санкции на ЕУ против Турција


Санкциите кои вчера беа разгледани од претставниците на земјите членки на ЕУ против Турција, односно нејзините дупчења на морското дно покрај брегот на Кипар, не се доволни според мислењето на Никозија, пишува „Катимерини“. Медиумот потсетува дека претставниците на Унијата се договорија да спроведат казнени мерки против Турција поради нејзините дупчења, кои таа ги врши во …

Никозија бара поостри санкции на ЕУ против Турција Read More »

Резултати од квалификациите во Лигата на Европа


Вчера беше комплетирано првото квалификациско коло од второто по квалитет натпреварување на Стариот континент – Лигата на Европа. Северна Македонија има тројца претставници во овој турнир, а резултатите вчера ветуваат позитивен исход и пласман во следното коло само за Шкупи. Скопскиот тим ремизираше на гостувањето кај Пјуник со 3:3, иако имаше водство од 1:3 на …

Резултати од квалификациите во Лигата на Европа Read More »

Бразилскиот претседател го номинира својот син за амбасадор во САД


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вчера соопшти дека својот син Едуардо го предложил за амбасадор во САД, пренесоа светските агенции. Болсонаро изјави дека неговиот син, кој во моментов е пратеник, треба да одлучи дали сака да ја преземе дипломатската должност. Бразилскиот претседател, кој кажува дека неговата претседателска кампања минатата година била инспирирана од американскиот претседател Доналд …

Бразилскиот претседател го номинира својот син за амбасадор во САД Read More »

Управниот одбор на ЗЕЛС и Милевски диксутираа за продолжување на децентрализација на власта


На покана на претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов на денешната 11. седница на Управниот одбор на ЗЕЛС присуствуваше министерот за локална самоуправа Горан Милевски. На состанокот, како што соопшти ЗЕЛС, Милевски беше запознаен со генералните ставови на локалните власти во насока на преземањето на следните активности за продолжување на децентрализацијата во …

Управниот одбор на ЗЕЛС и Милевски диксутираа за продолжување на децентрализација на власта Read More »

Филипче: Сите здравствени работници ќе добијат решенија за вработување


Постојано се даваат согласности за вработувања во сите јавни здравствени институции во земјата. Само минатата година се обезбедени 3.200 финансиски согласности и таа динамика продолжува и оваа година, нагласи министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на јавната дебата „Јавно приватно партнерство како економски модел за инвестирање“. Како што информира, со …

Филипче: Сите здравствени работници ќе добијат решенија за вработување Read More »

Средната класа му пресуди на Ципрас


НАНО РУЖИН Во дипломатијата постои едно свето правило кое гласи: „Дипломатијата е уметност која служи за да се кажат најгрдите работи на најелегантен начин“. Како да се протолкува на најелегантен начин поразот на Алексис Ципрас без да се злоупотреби дипломатијата? Во регионот голем број дипломати, аналитичари и граѓани се убедени дека Алексис Ципрас ги загубил …

Средната класа му пресуди на Ципрас Read More »

Пратеничките групи го разгледуваат предлогот на ДУИ за ветинг, ставовите следната недела


Формирање агенција задолжена за ветинг на сите функционери од претседателот на држава до член во совет на општина, предвидува првата верзија на законот за ветинг, што ДУИ вчера им ја достави на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Партиите го поддржуваат ветингот но сепак, прво сакаат детално да го разгледаат …

Пратеничките групи го разгледуваат предлогот на ДУИ за ветинг, ставовите следната недела Read More »

Се проценуваат штетите од невремето во Преспа, се работи на оспособување на мрежата за струја и за вода


Силното невреме во Преспа го уништи родот на овошките, а Владата презема мерки за санирање на штетите, оспособување на мрежата за електрична енергија, со што ќе се врати и водата во чешмите, најавија денеска при посетата на уништениот регион министрите за внатрешни работи и за земјоделство, Оливер Спасовски и Трајан Димковски. Министрите рекоа дека владините …

Се проценуваат штетите од невремето во Преспа, се работи на оспособување на мрежата за струја и за вода Read More »

Шимпанзото Коко се врати дома


  Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија повторно е во својот дом, во скопската Зоолошка градина. Коко пристигна во Скопје со уште три шимпанза – Мими, Роси и Хјасл со кои ќе го дели живеалиштето. На прес-конференција на која присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, дел од …

Шимпанзото Коко се врати дома Read More »

Овошните насади уништени, огромни штети по невремето во Преспа и Охридско


Откорнати дрвја, искршени автомобили и камп-приколки, откорнати покриви од куќи и помошни објекти, уништени овоштарници и земјоделски насади, искршени електрични столбови, е само дел од сликата во Долна Преспа по синоќешното невреме, во кое за помалку од половина час опустоши сѐ во овој крај. Силен дожд, ветер и град ги зафатија селата кои гравитираат кон …

Овошните насади уништени, огромни штети по невремето во Преспа и Охридско Read More »

Томас Шиб: Наскоро ќе биде познат датумот за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија


Германскиот амбасадор во Србија, Томас Шиб денеска изрази надеж дека наскоро ќе биде познат датумот на почеток на преговарачкиот процес за членство меѓу ЕУ и Северна Македонија. – Заради интензивното усогласување, помеѓу останатато и во Германија, донесувањето одлука за датумот за почеток на преговорите е пролонгиран до октомври. Германија го поздравува големото државничко постигнување на …

Томас Шиб: Наскоро ќе биде познат датумот за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија Read More »

Рид од карпи се сруши на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево


Цел рид од карпи се урна на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево. Според информациите од вработени во „Македонија пат“ теренот е незбезбеден, камења паѓаат на секои 5 минути и …

Рид од карпи се сруши на патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево Read More »

МЗ: Од денеска достапен лекот „Пирфенидон“ за пациентите со идиопатска белодробна фиброза


Министерството за здравство соопшти дека првпат во државава од денеска достапен е лекот „Пирфенидон“ за пациентите со идиопатска белодробна фиброза, која спаѓа во групата на ретки болести. Досега, во нашата земја немаше терапија за овие пациенти. – Идиопатска белодробна фиброза е заболување на белите дробови со брза прогресија и е изразито тешка болест која води …

МЗ: Од денеска достапен лекот „Пирфенидон“ за пациентите со идиопатска белодробна фиброза Read More »

Османи: Интезивна летна агенда и без проблеми до октомври за почеток на преговори со ЕУ


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи најави дека со министерот за надворешни работи Никола Димитров летните месеци ќе ги поминат во посети и убедување на земјите членки за позитивен одговор во октомври за почнување преговори со ЕУ. Исто така, посочи дека дотогаш треба да се избегнуваат сите можни проблеми кои ќе наштетат на процесот. -Сепак, до …

Османи: Интезивна летна агенда и без проблеми до октомври за почеток на преговори со ЕУ Read More »