Секој има право да истакнува слогани, но трговските марки треба да се усогласат и од македонска и од грчка страна


Различни толкувања и реакции во земјава предизвика промовирањето на слоганот „Macedonia the GReat” од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис минатата недела во Солун. Министерството за надворешни работи излезе со реакција дека тоа ја поткопува меѓусебната доверба, додека експерите велат дека за трговските марки потребна е заемна согласност и од македонска и од грчка страна. …

Секој има право да истакнува слогани, но трговските марки треба да се усогласат и од македонска и од грчка страна Read More »

Тракторист загина во атарот на охридското село Ливоишта


Тракторист го загуби животот во несреќен случај што вчера попладнето се случи во атарот на охридското село Ливоишта. Од охридската полиција е потврдена информацијата за несреќата, со најава дека детали околу околностите под кои се случил индицентот ќе изнесат во текот на денешниот ден. Ливоишта се наоѓа десеттина километри северно од Охрид, на потегот меѓу …

Тракторист загина во атарот на охридското село Ливоишта Read More »

Седница на Собранието, ќе се расправа за заемот за автопатот Кичево – Охрид


Собранието денеска треба да ја одржи 116 седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и …

Седница на Собранието, ќе се расправа за заемот за автопатот Кичево – Охрид Read More »

Во Апелација итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага


Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе одржи итен колегум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“. Информацијата ја потврдија судии од Апелација за дел од медиумите. Од Апелација …

Во Апелација итен колегиум по најавите на Рускоска за финансиска истрага Read More »

Рускоска: Ако била болна, зошто Јанева не дала оставка?


Апелацискиот суд не ја прифати гаранцијата што ја понуди Јанева, а ја пушта во домашен притвор. Ова е срам. Каква порака испраќаме со ваква одлука. Ова го изјави обвинителката Вилма Рускоска за Дојче веле. – Прашувам зошто не ја прифатија гаранцијата? Јас сум повеќе приврзаник на обезбедена гаранција, отколку на домашен притвор – вели Рускоска, …

Рускоска: Ако била болна, зошто Јанева не дала оставка? Read More »

Продолжува јавното сослушување за импичмент на Трамп


Поранешниот специјален американски пратеник за Украина Курт Волкер и претставникот на Советот за национална безбедност Тим Морисон пет часа сведочеа пред комисијата за импичмент во Претставничкиот дом на Конгресот кој е предводен од демократите. Комисијата треба да утврди дали претседателот Доналд Трамп ја злоупотребил функцијата и дали се обидел да добие помош од странска влада …

Продолжува јавното сослушување за импичмент на Трамп Read More »

Американски хеликоптер се урна во Авганистан, загинаа двајца војници


Двајца американски војници загинаа кога нивниот хеликоптер се урна во Авганистан, соопштија од американската војска. Талибанците тврдат дека тие го урнале хеликоптерот. Од американската армија наведуваат дека е покрената истрага, истакнувајќи дека првичните извештаи не укажуваат дека во прашање е непријателски оган. Годинава 19 американски војници беа убиени во Авганистан, додека повеќе од 2.400 Американци …

Американски хеликоптер се урна во Авганистан, загинаа двајца војници Read More »

Заев: 15 милиони евра за борба против загадувањето


За борбата против аерозагадувањето обезбедуваме неколкукратно повеќе пари од било кои Буџети претходно, рече премиерот Заев во дебатата за Буџетот 2020 на националниот радиодифузен сервис, и додаде дека дополнителни 100 милиони денари дополнителни во Владината програма во Генерален секретаријат каде директно се спроведува политиката за борба против аерозагадувањето, 618 милиони денари, или 10 милиони евра …

Заев: 15 милиони евра за борба против загадувањето Read More »

Приведен алкохоличар што палел сѐ и сешто кај Саем, пожаринкарите го изгаснаа огнот


Дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје во напуштен објект во близина на Скопски саем лоцирале палење на секаков вид отпад од страна на лице во алкохолизирана состојба. Се работи за лице познато на полицијата кое во изминатиов период секојдневно го повторува делото, истото е приведено, велат од Инспекторатот. Веднаш биле повикани противпожарните екипи од …

Приведен алкохоличар што палел сѐ и сешто кај Саем, пожаринкарите го изгаснаа огнот Read More »

ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо нов менаџер на Тотенхем


Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, и официјално е именуван за нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем. Во текот на вчерашниот ден, популарните „петли“ и официјално ставија крај на 5-годишната соработка со аргентинскиот тренер Маурицио Покетино, а неколку часа подоцна, преку официјално соопштение беше потврдено дека „специјалниот“ ќе седне во менаџерското столче.

Димитров во Брисел на средба со сојузниците од НАТО


  Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември. Димитров учествува на состанокот на покана на генералниот секретар на НАТО …

Димитров во Брисел на средба со сојузниците од НАТО Read More »

Ангеловска: Ги подобруваме условите за младите да не си одат од земјава


Преку Национална стратегија за развој на човечки капитал и низа мерки, ќе се работи на долгорочно подобрување на искористувањето на човечкиот потенцијал, како и на задржување на младите во земјава. Преку континуирано вложување во здравството, образованието и социјалната грижа и мерки како дуалното образование, ќе се подобрува продуктивноста и респонзивноста на младите на пазарот на …

Ангеловска: Ги подобруваме условите за младите да не си одат од земјава Read More »

Милошоски: Подобро Катица дома, отколку Заев во Аргентина


  Пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил напиша дека вчерашната одлука поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, да се пушти во домашен притвор, покажала демант на манипулациите на премиерот Заев и неговата вмешаност во случајот „Рекет“. -За време на преговорите за Законот за обвинителство, премиерот во заминување Заев, се пофали дека тој е во …

Милошоски: Подобро Катица дома, отколку Заев во Аргентина Read More »

МВР демантира дека има изградба на мигрантски кампови во нашата држава


Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите и дезинформациите пласирани во одредени медиуми за некаква изградба на кампови за мигранти на територијата на Република Северна Македонија. Станува збор за лага со цел да се манипулира јавноста. На министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан што денеска се одржа во Скопје темата …

МВР демантира дека има изградба на мигрантски кампови во нашата држава Read More »

Заев за Њујорк Тајмс: Се кршам одвнатре


Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за весникот Њујорк Тајмс објавено во вторникот предупредува дека запирањето на проширувањето на ЕУ може да предизвика драматични поместувања во целиот регион. „Се кршам одвнатре“ вели Заев во разговорот за американскиот весник кој, таа изјава ја става и во насловот на текстот. „До пред само два месеци, лидерот на …

Заев за Њујорк Тајмс: Се кршам одвнатре Read More »

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор


Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. – Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но ќе покренам финансиска истрага, изјави Рускоска за МИА. Јанева вчера попладне ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор откако …

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор Read More »

Аврамопулос: Северна Македонија не побарала финансиска помош за капацитети за бегалци и мигранти


Северна Македонија не побарала финансиска помош од Европската унија за градење кампови за мигранти и бегалци, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на ЕУ- Западен Балкан одговарајќи на новинарско прашање. Меѓу главните теми за кои разговараа официјалните претставници на земјите од Западен Балкан со претставниците …

Аврамопулос: Северна Македонија не побарала финансиска помош за капацитети за бегалци и мигранти Read More »

Хонгконг: Демонстрантите сами се запалија со Молотови коктели


Неколку демонстранти во Хонгконг станаа жртви на сопствените таканаречени „бомби од бензин“ кои што планираа да ги фрлат на полициските сили за време на насилните протести. Вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат како еден демонстрант самиот се запали со Молотовиот коктел, а неговите пријатели панично се обидуваат да го изгасат огнот. One …

Хонгконг: Демонстрантите сами се запалија со Молотови коктели Read More »

Шведска се откажа од гонење на Асанж по обвинението за силување


  Шведските обвинители се откажаа од истрагата против Џулијан Асанж кој во 2010 година беше пријавен за силување, јави Би-би-си. Асанж го пријави ќена која тврдеше дека тој ја силувал при посетата на Шведска. Основачот на Викиликс во моментот е во Велика Британија каде служи казна затвор од 50 недели, затоа што ги прекршил условите …

Шведска се откажа од гонење на Асанж по обвинението за силување Read More »