Рускоска: Ако била болна, зошто Јанева не дала оставка?


Фото: Б. Грданоски

Апелацискиот суд не ја прифати гаранцијата што ја понуди Јанева, а ја пушта во домашен притвор. Ова е срам. Каква порака испраќаме со ваква одлука. Ова го изјави обвинителката Вилма Рускоска за Дојче веле.

– Прашувам зошто не ја прифатија гаранцијата? Јас сум повеќе приврзаник на обезбедена гаранција, отколку на домашен притвор – вели Рускоска, додавајќи дека „едвај чека да го добие решението, за да види со какво образложение е одреден домашен притвор за Јанева. Нема во ЕУ со вакви судии”, потенцира Рускоска.

Околу тоа дека и била влошена здравствената состојба, вели, зошто не си поднела оставка уште додека била на функција.

Инаку, Рускоска и вчера најави финансиска истрага за Апелационите судии по одлуката.