ОФИЦИЈАЛНО: Мурињо нов менаџер на Тотенхем


Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, и официјално е именуван за нов менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.

Во текот на вчерашниот ден, популарните „петли“ и официјално ставија крај на 5-годишната соработка со аргентинскиот тренер Маурицио Покетино, а неколку часа подоцна, преку официјално соопштение беше потврдено дека „специјалниот“ ќе седне во менаџерското столче.